Најверојатно еден од најдобрите Американски фотографи од почетокот на 20тиот век. Луис Бикс Хајн е повеќе социолог којшто ја користи камерата како стредство за социјални реформи. Неговите фотографии од градењето на Емпајер Стате зградата во Њuјорк во 1930тите години, како и неговите фотографии од имигрантите кои што пристигнуваат на островото Елис е едни од најпознатите дела од Американски фотографска уметност.

Хајн е роденво 1874тата во Ошкош, Висконсин . Студирал социологија на Универзитетот на Чикаго, Колумбија Универзитетот и Универзитетот на Њујорк. Започнал да работи како учител во Њјорк во Школото за Етичка Култура, каде што ги охрабрува студентите да ја користат фотографијата како образовен медиум. Класовите оф ова птколо патувале до островото Елис и Њујоршкото пристаниште да ги фотографираат илјадниците имигранти што пристигале секој ден. Помеѓи 1904 и 1909, Хајн направил повеќе од 200 фотографии, за да на крај реализира дека неговата струка е фото журнализам.

Во 1907 станал фотограф на Националниот Комитет за Детски Труд (НЦЛС). Во текот на следната декада, Хајн документира детски труд во Американската индустрија, за да го помогне лобирањето на НЦЛС за укинување на оваа практика. Помеѓу 1906 и 1908 бил фотограф на договор за дело за  “The Survey”, водечки магазин за социјални реформи. Во 1908, Хајн го фотографира животот во железарничкото маало и луѓето оd Питсбург, Пенсилванија за влијателната социолошка студија наречена Питсбуршко Истражување. За време и после Првата Светска Војна , Хајн го документира работењето на Американскиот Црвен Крст во Европа. Во 1920тите и 1930ти изработува серија на т.н. “работни портрети„ кои го нагласуваат човечкиот допринос во модерната индустрија. Во 1930, Хајн е најмен да го документира градењето на Емпајер Стате зградата. Хајн ги фотографирал работниците во невообичаени позиции додека ја осигуривале железната и челичната конструкција на структурата на зградата. При ова фотографирање, Хајн ги превземал истите ризици како и градителите. Со цел да долови најдобра позиција, Хајн бил врзан на специјана кошница 1000 фити над Петтата Авенија.

За време на Големата Депресија, повторно станува работник на Црвениот Крст, фотографирајќи ја помошта за борба против сушата во Американскиот југ. Работи исто и за Авторитетот на Долината на Тенеси (ТВА), документирајќи го животот во планините на источно Тенеси. Бил и главен фотограф на Националниот Истражувачки Пројект на Администрацијата за Работнички Прогрес (ВПА), кој го проучувал промените во индустријата и ефектите врз вработеноста.

Денеска, Американската Конгресна Бибиотека чува околу 5000 фотографии оф Хајн. Исто во спомен-куќата на Џорџ Истман се наоѓаат околу 10000 фотографии, и околу 5000 фогорафии во Библиотеката на Албин О. Кун на Универзитетот на Мериленд во Балтимор.

Во 1936та, повторно е избран за фотограф во Националниот Истражувачки Пројект на Администрацијата за Работнички Прогрес (ВПА) но овој ангажман никогаш не завршил.

Последните години од неговиот живот ги поминува во професионална борба поради губењето на државната и индустриската помош. Никој не е заинтересиран за неговата работа, и мината и сегашна, така да Луис Хајн запаѓа во исто ниво на сиромаштија кое тој го документирал во своите фотографии. Умира на 66 годишна возраст на 3ти Номври во болницата на Добс Фери во Њујорк, после операција.

Луис Хајн ја посетува Македонија во 1918та година како дел од својата работа во рамките на Американскиот Црвен Крст. Направил серија на фотографии од помошта на организацијата Црвен Крст, како и социајни сцени од сиромаштија на локалното население.

Турско момче во Солун 1918
Турско момче во Солун 1918
Собирање храна од отпад, Солун 1918
Собирање храна од отпад, Солун 1918

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не