Курт Хилшер е еден од најпознатите Германски уметнички фотографи од неговото време. Роден е во Штриgау, Шлезија (Силезија во Полска) и починал во Лихтенштајн ин Сахен. Работел како учител по Германски јазик во Шпанија за време на Првата Светска Војна, каде што изработува илјадници уметнички фотографии од Шпанските пејсажи. Во 1920тите години, започнува со патување низ Европа и публицира книги со уметнички фотографии од неговите патувања: Германија (1924), Рим (1925), Италија (1925), Австрија (1928), Југославија (1926), Скандинавија (1932) и Романија (1933).
Курт Хилшер ја посетува Македонија во рамките на неговот патување низ Југославија во 1926та година, каде што изработува прекрасни фотографии од Прилеп, Скопје, Охрид, Ново Село, Кратово, Штип, Велес, Куманово, Бардовци, Матка и Солун. Овие фотогратии се публицирани во книгата со наслов “Југославија, пејзаж, архитектура и животот на луѓето„.