Роден во Берлин 1888, починал во Минхен на 17 Август 1965. Студирал на Академијата за Декоративни уметности и на Академијата за Ликовни Уметности и ја имал својата прва изложба со Берлинските сецесионисти во раната 1909. Неговите први слики се претежно импресионистички и прикажувале сцени што тој ги доживеал додека бил воен пилот во Првата Светска Војна, како на пример слики од Балканот и во Месопотамија. Со тек на времето, полека го развива својот експресионистички стил. Неговиот ескресионизам се родил кога тој престанува да се концентрира на прикажување на природата и започнува да се фокусира на приказот силните импресси. Покрај големиот број на маслени слики, Хекендорф работи и со акварели и пастели а исто така работи и со графички техники.
Сликарот поминува низ исклучитено тежок период во време на Нацизмот, кога неговата уметност е лабелирана како “дегенерирана„ . Помеѓи 1943-1945 е обвинет и осуден за помагање на неговите пријатели Евреи и е исптратен во концентрационите кампови Валдсхут и Матхаусен. После војната, работи како професор на Виенската Ликовна Академија а подоцна во Салзбург и најпосле во Минхен до крајот на својот живот. Повеќе информации за уметникот можат да се најдат на интернет страницата: http://de.wikipedia.org/wiki/Franz_Heckendorf
Франц Хекендорф ја посетува Македонија, поточно Солун во 1916тата година, каде што изработува серија на бакрорези и литографии. Литографијата со наслов „пред Солун“ е во сопстеност на авторот на овој лексикон