Француски бакрорезец, сликар и ликовен истражувач. Луи Годефроа најпрво студирал сликарство во Париз кај Каро-Делваил. Неговиот прв обид во бакрорезбарството е во 1905та година и првите графики ги изложува во 1906та. Скоро во текот на целата негова кариера, неговите гравури и бакрорези се печатени во Париз кај Марсел Гијот. Фодефроа бил патник, патувал и изработувал резби од Франција, Холандија, Англија, Њујорк, Венеција, Грција, Турција, Кина, Јапонија, Ангор, Макао и Цејлон. Бил прецизен и во пејсажите и во архитектонските композиции. Централен мотив во неговите гравури е фино доловување на атмосферски ефекти, особено игра на светло и сенка. Луи Годефроа бил исто така важен ликовен истраживач на графичката уметност. Напишал голем број животни каталози (Catalogue Raisonnes) на разни сликари, на пример Алберт Беснард (1929) и Адриен ван Остаде (1930). Вкупно, Луи Годефроа има креирано околу стотина оригинални бакрорези. Луи Годефроа го посетил Солун во периодот 1917-1923. Направил најмалку два бакрореза со сцени од Солун, “Сцена пред кафаната со платани, Солун 1917„ публикуван во магазинот The Print Connoisseur во Април 1923. Еден примерок од овој бакрорез е на продажба од галеријата www.artoftheprint.com. Друг пример е бакрорезот “ Фонтана на циганите (Солун)„ кој е во колекцијата на Британскиот Музеј. Исто така, бакрорезот со наслов „Солун Април 1917„ е во сопственост на авторот на овој лексикон.
Приказни
Камили во Скопје
14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска