Роден на 26ти Јануари 1891 во Стара Загора, починал на 25ти Август 1979 во Софија. Син на сликарот Атанас Гиуџенов. Во 1915та дипломира на училиштетот на Индустриска Уметност во Софија, одсек сликарство , во класата на проф. Ѕено тодоров. Во исто време (1913-1915) бил стидент на Националната Школа на Уметност во Париз, во класата на проф Ф. Кормон. Ја започнува сликарската кариера како званичен воен сликар во Првата Светска Војна, следејќи ја Осмата Пешадиска Дивизија. Од 1920 до 1933та бил предавач на Ликовната Академија во Софија. После 1925тата се посветува претежно на историско сликарство. Редовно изложува во салонот на Друштвото на Јужно Бугарски Сликари, за кое бил и основач. Групно изложувал во Берлин, Прага, Виена, Њујорк. Гиуџенов е автор и на фрески и икони во црквите во Софија, Варна, Стара Загора, Пловдив. Помеѓу 1933 и 1945 работи како воен сликар во командата на Бугарската армија. Црта серија на историски фигури и сцени. Неговите слики се наоѓаат во Бугарската Национална Ликовна Галерија и во Националниот Воен Музеј.
Дегенерираните
Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и