Роден на 3ти Август 1862 во Лајпциг, починал на 15ти Август 1908 во Техеран. Работел како илустратор во илустрираниот магазин  Leipzig . Студент на Ликовната Академија на Лајпциг.во классата на професор Нипер, и во 1884та студент на Ликовната Академија во Берлин. Во 1889тата година се сели во Париз и започнува да работи како илустратор во францускиот магазин  Monde Illustre се до 1891вата година. Во 1893 се сели во Далмација и на Балканот, каде што работи како илустратор по договор за Англиски и Германски магазини. Во 1905 се сели во Русија и Средниот Исток, каде што прави илустрации од Руско-Јапонската војна.

Во 1903та година за време на Крушевското востание , Ото Гернах е во Македонија каде што изработува илустрации за англискиот магазин  The Sphere издание од 26ти Септември 1903, како и за Германски магазини.

Илустрација за магазинот  The Sphere од 26ти Септември 1903.
Илустрација за магазинот The Sphere од 26ти Септември 1903.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно
Приказни

Вундервалд

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната

Повеќе »

Следете не