Пол Ганголф е роден на 13ти Октомври 1879 во Конингсберг , Прусија, починал на 12ти Август 1926 во Естервеген. Германски Еџпресионист кој работи со литографии, дрвопис, бакропис, слики, колажи и е исто уметнички писател.

Пол Ганголг е роден како Пол Леви во Кинингсберг 1879тата во еврејска фамилија. Го поминува детството во Визбаден, од 1901ва живее во Берлин. Не е познато како го добива уметничкото име Ганголф.

Работел како продавач на книги. Колекционарот од Хамбург Густав Шифлер се здобива со мала колекција на цртежи од Ганголф од 1912/13 и планира да направи каталог на дела со негови графики , како што претходно имал направено со Ернст Лудвиг Киршер . Емил Нолде, Лакс Либерман и Едвард Мунч. Но со смртта на Шифлер во 1935тата тој план никогаш не се реализирал.

За време на Првата Светска Војна Ганголф е доброволец во Германската Армија , се регрутира во Иринген. Во 1915тата како војник на во Визмар  а во 1916та во Македонија.

Од 1919та Ганголф е повторно во Берлин и воглавни работи со литографија. Во истата година се појавува неговото прво портфолио. Со посредување на Шефлер,  Халата на Уметности од Хамбург купува одредени дела од него. Во 1923та портфолиото Метрополис се публицира од издавачката куќа Малик во Берлин и градската мапа на Оскар Ворле во Констанца. Во 1926 негови дополнителни дела се печатени од издавачката куќа на Ернст Ратенау (1897-1986).

Во 1926та година се сели во Париз, каде што периодично изложува. По 1930 неговата ситуација значително се влошува. Ќивее привремено во Лондон, се враќа во Париз и повторно во Берлин во Август 1932ра. Во пролетна 1933та година изложува во клубот на уметности.  Со доаѓањето на нацистите на власт, уапсен е поради неговото отфрлање на забрана за слободно шетање на улица и поминува неколку месеци во концентрациониот логор Колумбија а потоа е префрлен во концентрациониот логор Естервеген. Кон крајот на Мај 1935та, застрелан е и е лечен во болницата Сургел. Во август 1936та вратен е во концентрациониот камп Естервеген и е убиен на 12.08.1936 во блиската шума.

Делата на Ганголф се наоѓаат во колекциите на Музејот на Модерна Уметност во Њујорк, Гратскиот Музеј на Лос Анџелес, Националната Галерија на Уметности, Британскиот Музеј, Националната Галерија на Шкотска, Халата на Уметности во Хамбург, како и во куќата на Ернст Барлах.

Еден пример на негови Македонски дела е гравурата „Ушкуп (Скопје)“ продаден од страна на аукциската куќа Петер Киефер од Форзхајм, Германија на 18ти Октоври 2014 ( објект број 7242) на авторој од овој лексикон.

 

 

Paul Gangolf (1879-1936), Ушкуб (Скопје) 1916 гравура
Paul Gangolf (1879-1936), Ушкуб (Скопје) 1916 гравура

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не