Роден на 27ми Мај 1906 во Фафе, Португалија, починал на 1ви Мај 1987 во Хајделберг, Германија. Сликар, илустратор и графички уметник от типот на класичен модернизам. Неговиот стил се карактеризира со реалистични сцени од градскиот живот со доза на фантазија. Бил син на фабрички директор и пораснал во Лорах и Карлсруе. Студирал сликарство на Државната Ликовна Школа во Баден помеѓу 1922-29 во класата на Георг Шолц, Карл Хубах и Вилиам Шнаренберг. Од 1929тата, студира на Државната Ликовна Школа во Берлин. Во 1935тата година ја добива престижната Награда на Рим. Неговите дела денес се наоѓаат во уметничките колекции на музеите на Берлин и Штутгарт.
Ханс Фишер – Шупах ја посетува Македонија во годините на Втората Светска Војна. Воглавно претстојува во Егејска Македонија. Еден пример од неговиот Македонски период е акварелот насловен како “Солун 1943„ продаден од страна на аукциската куќа Arno Winterberg од Хаиделберг, Германија на 15ти Октомври 1994 (објект број 1887) за 200 Германски марки.