Роден на 6ти Август 1893 во Сен-Пол, Франција. Првиот сликарски часови ги добива рано од неговиот татко Хенри Мартин (1860-1943), познат поинтилистички сликар. Исто така добива ликовно образование на Школата на Ликовни Уметности во Париз , под водство на Фредрик Кормон (1845-1924) но набрзо ја напушта академијата поради нејзините ограничувања и догми.
Најчесто слика сцени од југот на Франција и Венеција, каде што претстојувал често. Најпрво ја користи поинтилистичката техника од татко му, но подоцна ја проширува сликарската техника со нов стил на балансирани композиции. Користи густи слоеви на боја,.
Изложува регуларно во Салонот на Француски Артисти, и се здобива на значителен успех и ја освојува наградата Mention (1920), Сребрен Медал (1923), стипендија за сликарско патување (1924), Национална Награда (1925), Златен Медал и Награда на Институтот (1928). Станува член на жирито на Салонот на Француските Артисти. Изложува во Париз се до 1965.
Жак Мартин-Фериерес ја посетува Црна Гора, Косово и Македонија во 1938 година. Изработува серија на масла на платно отсликувајќи ги локалните луѓе во народни носии, локални процесии и обичаи и градски сцени. Изработува најмалку една слика поврзана со Македонија: сцена од Охрид од 1938 година насловена како “Пазарот во Охрида„, продадена од аукциската куќа Christie’s во Њујорк на 02-10-1991 (обј. број 98) за 15 376 евра. Druga слика насловена како “Југословенски жени на пазар„ која силно асоцира на сцена од Охрид беше продадена од аукциската куќа Artcurial во Париз на 16-08-2007 (обј. број 122, 4000 евра. )
Сликата „ Пазар на Невести, ОхрисЌ е продадена од аукциската куќа Кларки, Ларчмонд, Њујорк, 10538 на 17ти Јуни 2018 ( објект број 76) за 4200 долари ( со документација на Петит Музеј Женева од 1972ра година)