Васа Ешкичевиќ е академски сликар кој што учел сликарство во Виена и во Русија каде што бил ученика на познатиот Илја Репин. Претставник е на стилот познат како академски реализам. Неговите дела имаат документарна вредност, така што нивното културно и историско значение ја надминуваат уметничката вредност. Покрај сликарството, бил исто така и писател и преведувач. Бил исто и член на Матица Српска.
Како официјален Српски воен сликар, Ешкичевиќ посетува повекје места во Македонија во периодот помеѓу 1910-20. Изработува голем број цртежи, акварели и масла на платна, воглавно отсликувајќи ги епизодите и патувањата на Српската војска низ Македонија.