Николае Енеа (1897-1960) Романец /Молдавец

Роден во 1897 во Лукацести, Бакау, починал во 1960 во Бакау, Романија. Студирал на Академијата за Ликовни Уметности во Букурешт во класата на проф. Г.Д.Миреа, но исто така и на Слободната Академија за сликање кај славните Романски сликари проф. Жан Александру Стиеради, Георге Петраски и Антон Верона. Прва самостојна изложба има во 1925та година. Во 1933 има голема изложба во салонот „Универзум“ каде што ги презентира неговите слики од периодот кога живеел и работел во Балчик, Бугарија. Ликовниот стил на Нику Емеа може да се опише како пост-импресионистички лирицизам кој се карактеризира со светли и јаки бои. Енеа воглавно слика пејзажи и етно сцени од своите патувања. Нику Енеа денеска се третира како еден од најдобрите Романски сликари.

Во 1934та година, Енеа оди на студиско патување во Италија, од кое се враќа назад во 1938ма година, преку Црна Гора, Далмација и Македонија. Во Македонија претстојува исто и во 1933та година кога слика градски и етно сцени од Скопје и Скопско. Една таква слика насловена „Пазар во Скопје 1933“ е продадена од аукциската куќа Артмарк СРЛ во Букурешт, романија на 31ви Октомври 2012та година ( објект број 2) за 4500 евра.

 

Пазар во Скопје 1933, масло на платно
Пазар во Скопје 1933, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не