Родена во 1863 во Лондон како едно од осумте деца во Викторијанска фамилија на реномиран хирург. Студирала Ликовна уметност на Кралската Ликовна Академија и на колеџот Бедфорд во Лондон. По завршувањето на студиите, станува реномиран илустратор и акварелист, изложувајќи често и илустрирајќи ги списанијата на Природа и Историја од Кембриџ.
По совет од докторот, сеуште немажена во своите 30ти години, го посетува Балканот околу 1900 година. Таа е еден од првите патеписци кои го посетуваат Балканскиот регион и навлегуваат во подлабока студија и опишување на Македонските, Албанските и генералните Балкански работи. Од 1900тата, Дурам патува детаљно низ Балканот во следните 20 години, фокусирајќи се воглавно на Албанија, која во тоа време била едно од најизолираните и најнеразвиени места во Европа. Работела во склоп на разни хуманитарни организации, цртала, пишувала и собирала народни носии и ракотворби. Нејзиното дело е од значајна антрополошка вредност. Но нејзината слава се должи воглавно на нејзините пишувања. Напишала повеќе книги за Балканот, но најпозната е “Горна Албанија„ од 1909та година.
Дурам се идентификувала блиску до Албанската кауза и проповедала обединување и независност на Албанците.Се здобила со репутација на ексцентрична и тешка личност и е доста критикувана од поборниците на Југословенската држава.
По нејзината смрт, поголемиот дел од нејзините дела е дониран на академски колекции. Нејзинатите пишани дела се донирани на Музејот на Човештвото (денес во склоп на Британскиот Музеј) и Кралскиот Антрополошки Музеј во Лондон, додека пак колекцијата на Балкански накит е донирана на Pitt Rivers музејот во Оксфорт и Bankfield музејот во Халифакс. Овој музеј исто колекција на фустани и текстил кој Дурам го собрала од Балканот и исто така содржи перманентна изложба за нејзиниот живот и дело.
Нај важното нејзино дело поврзано со Македонија е книгата насловена “Балканскиот товар„ издаден во 1905та година, каде сто ги опишува своите патувања низ Охрид, Преспа, Битола и западна Македонија. Книгата содржи голем број акварели и цртежи од градски сцени од Охрид, Ресен и Битола. Книгата може да се погледа на следнава интернет страница: http://www.peacelink.nu/Boker/Durham/Durham.html