Владимир Димитров – Мајстора (1882 – 1960), Бугарин

Роден на 1ви Фебруари 1882 во село Фролош во фамилија на Македонски бегалци од Македонско-влашкиот регион на Магарево, починал на 29ти Септември 1960 во Софија. Владимир Димитров – Мајстора е третиран како еден он најзначајните Бугарски национални сликари. До 1895 работел како чирак на разни позиции во локалниот суд. Неговиот сликарски талент набрзо е приметен, и е охрабрен да оди на Софиската школа за Индустриска Уметност. За време на студиите, патува во Одеса, Сент Петерсбург, Москва, Истамбул и Венеција. Во текот на овие патување, го здобива прекарот “Мајстора„.

За време на Балканските војни и Првата Светска Војна работи како официјален воен сликар во Бугарската Рилска дивизија.  Во овој перид ја посетува Македонија повеќекратно и продуцира дела со висок квалитет: “Ранетите„ , “Преку Беласица„, “Фронтот на реката Струма“, “Во Скопје 1916„, итн.

По војната, живее накратко во Италија и од 1924та до 1951ва година живее во селото Шишковци, каде што развива разигран, колористички стил на сликање на народот, обичаите и пејсажите.

Велес 1915, цртеж
Велес 1915, цртеж

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не