Роден во Книн 4 Август 1893, починал во Загреб на 13ти Мај 1950. Студирал Ликовна Академија во Минхен и Прага, во класата на Влахо Буковац. Учител по сликарство во својата приватна школа во Сплит и Сараево. Слика воглавно пејсажи и мртва природа. Изложби во Сплит, Дубровник, Сараево, Белград и Милано. Ретроспективна изложба во Загреб во 1950та.

Го посетува Охрид во 1930тите години. Каде што по црта пејсажот „Поглед од Света Софија“ , во приватан колекција на авторот на оваа книга, купена од Аукциската куќа Мадл Арт, Белград, на 14ти Октомври 2012. (број 73)

Света Софија Охрид 1930, масло на платно
Света Софија Охрид 1930, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Where-is-the-grave-of-Gerard-Chowne
Приказни

Каде е гробот на Џерард Чаун?

За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата

Повеќе »

Следете не