Роден во Арнем на 27-Април-1923, починал во Амстердам на 8 Јули 1994. Студирал на Ликовната Школа во Арнем во класата на Хендрик Валк. Арнолд ван Бракел ја посетува Македонија во периодор помеѓу 1949-50 година, каде што поминува неколку месеци воглавно во студирање и цртање на Македонските селани и секојдневниот Македонски живот. После овој период се враќа во Амстердам, каде што работи како комерцијален уметник во весникот “Het Parool” и “Alles Mag”. Повеќе информации за овој сликар може да се најдат на неговата веб страница http://arnoldvanbrakel.nl.