Бернард Бутет ду Монвел ( 1884 – 1949), Французин

Син на сликарот и графичарот Морис Бутет ду Монвел и ученик на Лук-Оливер Месон и Жан Дампт. Започнува со изложување во Француските ликовни салону уште од 1902. На почетокот од кариерата, продуцира повеќе од 20 колор бакрописи претставувајќи ги Базак-овите Лавови, како и елегантни фигури и сцени од Парискиот монденски свет. Исто така слика полуларни теми (Питачи и Уличари) како и пејсажи.  Учествува во Салонот на Здружението на Графичари од 1904 до 1911, како и после војната од 1920тата па натаму. Од 1912татат, работи во весникот Gazette du Bon Ton.  Работел и како илустратор во познатите модни магазини  Vogue и  Harper’s Bazaar. Исто е и познат како еден од најзначаните Француски илустратори на детски книги. Неговата популарност доживова кулминација околу 1909тата година, воглагно поради неговите иновации со чисти линии и бледи бои.

Бернард Бутет ду Монвел го посетува Солунскиот регион заедно со неговите пријател Пол Жуве во 1915тата година. Неговите цртежи и акварели од тој период се наоѓаат во колекцијата на Историскиот Центар на Солун (Kentro Historias Thessalonikis) во Грција, заедно со уште околу 200 различни цртежи и акварели од разни Француски сликари кои што ја посетиле Македонија за времето на Првата Светска Војна  ( на пример, Пол Жуве, Фрасоа Салва, Роже Ира, Луи Су, идр.)

Селани од Македонија 1916
Селани од Македонија 1916
Селани од Македонија 1916
Селани од Македонија 1916
Селани од Македонија 1916
Селани од Македонија 1916

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Where-is-the-grave-of-Gerard-Chowne
Приказни

Каде е гробот на Џерард Чаун?

За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата

Повеќе »

Следете не