Роден во Бордо, Франција. Специјализира во сликање на поморски сцени од областите Бретанија и Азурниот брег. Студира на Ликовната Академија во Париз. Бероно изложува редовно на скоро сите битни Париски изложби и во текот на својата кариера добива голем број на престижни награди, како на пример Сребрен медал од салонот d’Hiver, како и Fargeon наградата од Салонот на Француски уметници. Редовно изложува на галеријата Stacey Marks, во Истборн.
Андре Бероно ја посетува Македонија за времето на Првата Светска Војна, најверојатно заедно со Француските трупи стационирани на Солунскиот фронт. Еден пример оd неговиот Мaкедонски период е акварелот насловен како “Солун, џамијата на дервишите – вртачи 1917„ продадена од аукциската куќа Boscher Samuel, od Cherbourg, Франција во 12ти Фебруари 1996 (објект број 955).