Роден на 21ви Јули 1887 во Шауфлинг, починал на 26ти Јуни 1976 во Минхен. Готард Бауер е сликар од Јужно-Германската провинција Баварија. Студирал на Ликовната Академија во Минхен во класата на проф. Халм, Карл вон Мар Вилхелм Сајтз и Бекер Гундал. Во времето на Големата Војна 1914-1918, бил воен сликар во Белгиската област Фландрија  и Македонија, каде што ги изгубува прстите на неговата лева рака. Неговите дела можат да се најдат Архитектонскиот Музеј во Минхен и музејот Леонарди.

Неколку примери од неговиот Македонски период се сликите “Македонска девојка во традиционална носија 1917– Македонија, Прилеп „ продадена од страна на аукциската куќа  Hans Stahl во Хамбург на 28ми Септември 2002 (предмет број 7). Исто така акварелот насловен како “Пејсаж – Прилеп 1917„ се продаде преку аукциската куќа  Ebay.com во Август 2009. Во приватната колекција на авторот се наоѓаат гваш/акварел композиции “Охрид – поглед од црквата Свети Климент , 1916 и Прилеп 1917

Прилеп 1917, акварел
Прилеп 1917, акварел
Прилеп 1917, акварел
Прилеп 1917, акварел
Охрид 1916,гваш-акварел
Охрид 1916,гваш-акварел
Прилеп 1917,гваж-акварел
Прилеп 1917,гваж-акварел
Селанка во Прилеп, акварел 1928 (според скица од 1916)
Селанка во Прилеп, акварел 1928 (според скица од 1916)
Селанка во Прилеп, акварел 1928 (според скица од 1916)
Селанка во Прилеп, акварел 1928 (според скица од 1916)

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не