Роден во Елзе 1872, починал во Хамбург 1964та година. Учел сликатрство во школата на Хајнрих Книр (1862-1944) во Минхен а потоа на Ликовната Академија во Берлин. Професор во школото за применети уметности во Алтона и ко-креатор на уметнишкиот клуб на Алтона. Споменат во неколку лексикони: Волмер, Румп, Дер Хеу Румп, итн. Батерман бил најверојатно воен сликар во Првата Светска Војна, патуваќи низ Балканот со Германската армија. Акварелот со наслов „Турски Ан, Скопље“ е во сопственост на авторот на овој лексикон.

Турски Ан, Скопје
Турски Ан, Скопје

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не