Марсел Амигет (1891-1958), Швајцарец Германец

Швајцарски сликар, патеписец, музичар и музички и ликовен теоретичар. Роден е во Оллон на 24-07-1891 и починал во Олон на  10-08-1958. Одкако живеел 15 години во Париз, Франција, поаѓа на подолго патување помеѓу 1929 и 1932, патувајќи низ Италија, Југославија, Грција, Кикладите, Турција, Сирија, Ирак, Персија, пристигнувајќи дури до Бомбај, Индија. Патувал во специјално за него направен патувачки камион, произведен од Рено. За време на неговите патувања, слика голем број масла на платна и акварели кои ги претставувале локалните пејсажи, луѓе и обичаи. Голем дел од овие дела се публиковани го неговата книга која била објавена во 1934та година. Денес, дел од неговите слики се наоѓаат во Кантонскиот Музеј на Ликовни Уметности и во Историскиот Музеј во Лозана.

Марсел Амигет поминува низ Македонија во 1929та година. Неколку примери на слику кои Амигет ги црта во Македонија се:

Комбинирана техника насловена:” Сцена од Македонски пазар со селани пред џамија 1929”, продадена од аукциската куќа Dobiachofsky Auktionen AG  од Берн, Швајцарија на 12-Нов-2010 ( објект број 613) за 1300 ЦХФ ( информација од  artprice.com)

Масло на платно под наслов Пазар во Ушкуб 1929 , кое во моментов е на прожба од галеријата Моинат, Швајцарија (https://www.moinat.ch/en/paintings/15557-table-ueskub-signed-m-amiguet-1929.html)

Македонски Пазар со селани пред џамија, 1929 , масло на платно
Македонски Пазар со селани пред џамија, 1929 , масло на платно
Сцена од пазар во Ушкуб, 1929 , масло на платно
Сцена од пазар во Ушкуб, 1929 , масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не