Prött Paul
Малку познат германски сликар, роден во Хаген во 1880 година, студирал во Минхен и работел како сликар и графичар во Келн од 1912 година. Тој главно насликал градski сцени и пејзажи. Неговата сопруга починала пред Првата Светска Војна и тој веројатно се преселил во Берлин со неговата ќерка во 1920-тите. Неговата ќерка емигрирала во Соединетите […]
Prinz Ludwig Karl
Роден и починат во Виена, Австрија. Принc бил сликар на пејсажи и сценски уметник кој што работел на уредувањето на сцената на Виенската Дворска Опера (1912) и во театрите во Минхен, Хамбург и Њујорк. Го декорирал и Министерството за Внатрешни работи, Виенскиот Градски Музеј и работел за Принцот од Лихтенштајн. Покрај театарска работа, бил активен […]
Spenser Gilbert
Помладиот брат на Сер Стенли Спенсер, роден на 04.08.1892 во Кукхам, Беркшир, починал на 14.01.1979. Студирал сликарство на Школото за применета уметност во Камбервел, Кралскиот Ликовен Колеџ (дрвопис) 1911-12, и на ликовната школа Слејд 1913-15. За време на Првата Светска Војна служел во Кралските Болнички Единици најпрво во Бристол (со брат му Стенли на кратко) […]
Staikov Vesselin
Роден на 31.06.1906 во Пештера, Бугарија, починал на 10.07.1970 во Виена, Австрија. Студирај на Ликовната Академија во Софија во 1925 во класата на проф. Борис Митов и Никола Маринов. Ја започнал својата кариера со печатарска работа и неговата прва изложба била во 1933 во Куќата на Графиката во Софија. Добитник е на голем број награди […]
Stanyo Stamatov
Роден на 16.02.1887 во село Шипка, Бугарија, починал на 17.01.1963 во Минхен, Германија. Студирал сликарство во 1911 на Софиската Ликовна Академија во класата на професор Иван Мрквичка. Специјализирал по сликарство во Германија во периодот 1925-27 и во Франција во 1926. Бил исклучително продуцктивен сликар, организирал повеќе од 40 изложби. Најчесто сликал фигуративни композиции и пејсажи, […]
Steinhardt Jacob
Јакоб Штајнхард (1887-1968) бил сликар и дрворезец, кој работел претежно со дрворезни гравури кои претставувале библиски и други Еврејски сцени. Роден е во Зерков, Германија но емигрирал во Израел во 1933. Студирал на Ликовното Училиште во Берлин во 1906, а потоа студирал кај Луј Коринт и гравирање кај Херман Струк во 1907. Од 1908 до […]
Stewart A.J.
Илустратор на реномираноит магазин “The Graphic”. Бил присутен на Солунскиот фронт. Неговите илустрации: “На патот кон Нигрита (Егејска Македонија)„, “ Преминот Махмудли: Оштар свиок„ и “ Застој на патот за Нигрита„ биле публицирани во “The Graphic” магазинот на 22 Декември 1917.
Suisse Gaston
Роден на 01.12.1898 во Париз, починал на 07.03.1988 во Париз., Гастон Суис се смета, заедно со Пол Жув, за еден од најважни Француски сликари на природа и животни. Во 1913 дипломира на Школата за Декоративна Уметност во Париз. Стапува во контакт со сликарон на животни и природа Пол Жув и веднаш донесува одлука да се […]
Šuput Bogdan
Роден и починат во Нови Сад, Српски сликар од покраината Војводина. Студирал сликарство во Нови Сад а подоцна и на Ликовната Академија во Белград (1932-36), на отсекот Ликовни учители. Живеел и работел во Париз во 1938/39 година после што се враќа во Нови Сад. Изработил неколку цртежи од Охрид, Струга и Кратово во 1930тите години. […]
Svečnjak Vilim
Роден и починат во Загреб, Свечњак се смета за еден од најважните Хрватски уметници. Се запишал на Ликовната Академија во 1927 на отсек вајарство под водство на Иван Мештровиќ. Рудолф Владец и Иво Кердиќ. Во овој период го прифаќа Марксизмот како идеологија и станува активен член на Комунистичката партија. Оваа политичка активност го доведува во […]