Scheffler Rudolf
Роден во Звикау, Германија во 1884, починал во Валеј котиџ, Нујорк, САД во 1973. Студирал на Кралската Ликовна Академија во Дрезден. На академијата станува добар пријател на Макс Пехштајн. Добитник е на неколку ликовни награди: сребрен медал во 1912, Голема Награда на Рим 1913 итн. Има студиски патувања во Париз 1908, Рим и Фиренца 1909 […]
Schirop Otto
Германски експресионист роден и починат во Хамбург. За време на нацистичкиот период бил лабериран како “Дегенериран уметник„ и прогонет заедно со многу други врвни Германски експресионисти. Неговите главни теми биле урбани и фабрички сцени и по стл потсетува на Карл Шмит- Ротлуф. Ото Широп ја посетува Македонија во 1931 година. Постои слика насловена “Поглед на […]
Shtarkelov Constantine
Роден и починат во Софија. Студирал на Ликовната Академија во Софија од 1906та. Во 1909 заминува за Москва. Ја има првата соло изложба во 1911. Бил воен сликар во периодот 1912-13 како и во 1917. Бил најмногу познат како врвен Бугарски аквателист,кој преферирал да црта пејсажи од Рила и планината Пирин, Софија и Трновскиот регион. […]
Schweitzer-Cumpana Rudolf
Романски сликар со Германски етнички корени. Роден е на 07.05.1886 во Питести, починал на 17.02.1975 во Букурешт. Студирал сликарство на Берлинската Кралска Ликовна Академија во класата на професор Рудолф Шлабиц. По студиите, се враќа во Романија во 1909 и го служи својот воен рок. Започнува да изложува во Букурешто редовно од 1913та година. Од тогаш, […]
Švrakić Todor
Роден на 10.03.1882 година во Приједор, починал на 05.12.1931 година во Сараево. Еден е од пионерите на почетокот на 20 век во Босанското сликарство во рамките на европскиот стил и се смета за еден од најзначајните уметници во акварел во западна Европа. Започнал со студии на уметност на 16-годишна возраст во училиштето Ристо Вукановиќ во […]
Scott Georges
Роден во Париз на 10.06.1873. Жорж Скот (Французин, и покрај тоа што името му звучи Англиско) бил син на гравер и илустратор. Бил студент на Ед. Детаил. Ја започнал својата кариера во 1890тите каде што работел како воен кореспондент за магазинот L’Illustration за време на Балканските војни во 1912-13. Кога започнала Големата Војна во 1914, […]
Spacal Lojze
Роден во Трст, Италиански сликар и член на Словенската заедница во Италија. Во 1930та бил уапсен поради анти-фашизам и протеран во Ацетура. За време на неговите години во егзил, го открива својот сликарски талент. Во 1934та дипломира на Уметничката Школа во Венеција. За време на Втората Светска Војна учествува во анти-фашистичкото движење и борба. По […]
Spenser Stanley
Роден на 30.06.1891 во Кукхам, Беркшир, починал на 14.12.1959 во Клајвден, Сер Стенли Спенсер е водечки Британски воен сликар од двете големи војни. Неговите дела се примарно поврзани со религиозни асоцијации и се претежно надреални во стилот. Стенли Спенсер бил ученик на познатала ликовна школа Слејд на 17 годишна возраст. Бил селектиран од Кралската Ликовна […]
Ruzicka Pavle
Роден во Петроварадин 1888, починал во Нови Сад 1965. Павле Ружичка бил значаен Српски сликар од Војводина. Цртал фрески во Градската куќа на Нови Сад во 1907. Постои запис од уметничка изложба во Нови Сад од Јуни 1934 во која Ружичка изложува неколку слики со мотиви од Охрид. Најверојатно го посетил Охрид во раните 1930ти […]
Ruep Joseph
Роден на 10.04.1886 во Изни, починал во 1940 во Бад Хинделанг. Студирал ликовна уметност во Кемптен и почнал да работи во картографска фирма во Изни. Во 1915 се сели во Минхен каде што дизајнира впечатливи воздушни мапи од Германија. Таму добива обука од професор Карл Дулман. Целосно се посветува на картографијата и дизајн на мапи […]