Steps. F

Ф.Степс

Неидентификуван , под претпоставка, Германски воен сликар кој што насликал серија гваж и цртежи со молив од Скопје, Велес и други Македонски градови во 1916та година, кои се во колекција на авторот на овој лексикон.

Wright. S

Невозможно е да се идентифицира овој сликар. Постои стар аукционерски запис од аукциската куќа  Moore Allen &Innocent, од Велика Британија за (објект брон 341) два акватела потпиѓани “С. Врајт„ и насловени “Македонски селани , Ушкуб„, “Грчки комита , Парнасус 1917„. Овата потпичани и датирани 1921. Авторот бил најверојатно Британски војник во Македонија за време на […]

Mantegazza Vico

Селани од Ушкуб, од книгата „Македонија“ март-април 1903

Вико Мантегаза, (Милано, 22.1.1856 – Милано, 28.10.1934) бил италијански писател, новинар, фотограф и политичар. Тој се смета за специјален италијански пратеник на Балканот од 1886 година, каде направил бројни репортажи. Бил директор на „Нацијата“ од 1894 до 1898 година. Иако тој беше повеќе политичар и лобист одколку уметник, Мантегаза го заработува своето место во овој […]

Wunderwald Gustav

Македонски Пејсаж 1919, масло на платно

Роден во Келн во 1882, починал во Берлин во 1945. Ја започнал својата кариера како сликарски асистент на Келнскиот мајстор сликар Вилхелм Кун. Работел како сценски уметник во периодот 1899-1900 во Берлинските студија за сценско цртање во  Гота и Шарлотеберг, како и во други Европски театри, како на пример Кралската Опера во Стокхолм и градскиот […]

Makedonski Vasil

Васил Македонски - 1900 - 1980 Битола

Бугарски сликар. Неговите слики се појавуваат во неколку уметнички галерии во Бугарија ( на пример интернет галеријата artprice.bg како и аукциската куќа Викторија во Софија). Ја посетил Македонија, поточно Битола во 1943тата година . Едно масло на панел насликано во текот на таа посета е во колекцијата на авторот на оваа книга.

Aich Richard

Скопје (Ушкуб), пазар 1918, масло на платно

Роден во Гаислинген, починал во Улм, стодиран на Ликовната Академија во Минхен и Штутгарт. Бил Германски воен сликар за време на Првата Светска Војна. Својата војна кампања, ја започнува како доброволец во артиљериската дивизија во Италија, а во 1916 пристигнува во Македонија во склоп на Баварската пионерска компанија. Тука добива наредба од Германската команда на […]

Zheliazkov Serbezov

Битката за Струга 1915, масо на платно, реппродукција на поштенска картичка

Роден во 1873 во село Демирча во Романија, починал во 1937. Завршил на Сликарската Академија во Софија во 1899 кај професор Иван Мрквичка и професор Б. Митов. Подоцна исто учел во студиото на познатиот Руски сликар Иља Репин. Бил секретар на Здружението на Јужно Бугарски Сликари “Лада„ и еден од иницијаторите за основање на Зтружението […]