Lozev Hristo
Бугарски сликар. Роден во Лозенград, починал во Софија. Ја дизајнира првата поштенска марка со ликот на васил Левски во 1929та. Го посетил Охрид околу 1918та година каде што насликал најмалку едно дело – акварелот Охридско Езеро , кој што е продаден од аукциската кужа Викторија во Софија на 8ми Октомври 2009 (објект број 105)
Lubarda Petar
Роден во Љуботињ крај Цетиње на 27.07.1907, починал во Белград на 13.02.1974. Петар Лубарда е Црногорски Србин кој се смета за еден од највлијателните личности на повоеното Југословенско сликарство. Студирал сликарство во Белград и Париз. Од 1932 до крајот на својот живот , живее и работи во Белград, со исклучок на периодот 1946-1950 каде што […]
Lukateli Anton
Роден во Херцег Нови, починал во Белград. Антон Лукатели е Црногорски сликар филмски сценарист и ликовен учител. Потеклото му е Италианско, од благородничка фамилија Locatelli од Милано, која што се селела покрај Јадранскиот брег и се ситуирала во Бока Которска каде што им помагале на Србите во нивната борба против Турците. Во текот на Втората […]
Lűschwitz–Koreffski Arnold
Роден во Берлин во 1869, починал во Берлин околу 1930, Арнолд Лушвиц –Корефски бил Германско-Полски сликар и илустратор кој патувал по Балканот и Ориентот на самиот почеток на 20тиот век. Најверојатно бил воен сликар за време на Првата Светска Војна, бидејќи изработил голем број на акварели и цртежи на Германски војници и офицери. Ја посетува […]
Macdonald R.A.
Поручник полковник Р.А. Мацдоналд, илустратор, ја посетува Македонија со Британскитое трупи во 1917 каде што се бори и црта скици и цртежи од Дојранскиот фронт . Овие цртежи денес се во колекцијата на Империјалниот Воен Музеј во Лондон.
Macke Helmuth
Роден во Крефелд на 27.01.1891, починал во Хеменхофен на Бодензе на 08.09.1936. Бил роднина на познатиот сликар Аугуст Маке. Студирал сликарство со Холандскиот сликар Јан Торн-Прикер (1868-1932) на Крефелдската Школа за Применета Уметност. Во 1910/11 стапува во контакт со влијателната Германска прогресивна ликовна група “Плавиот Јавач„ а во 1912та година стапува во контакт со уште […]
Maleas Constantinos
Роден и пораснат во Константинопол. Студирал на Грчкиот Православен Колеџ Фанар. Заминува за Париз во 1901 да студира иницијално архитектура. Во Париз одлучува да студира уметност, се до 1908та, под водство на Хенри Мартин. Во 1913 се враќа во Грција, најпрво во Солун а потоа во Атина. Во 1917 станува член на авантгардната ликовна група […]
Maly Frantisek
Роден на 10.03.1900 во Литомиси, починал на 22.06.1980 во Брно. Студирал сликарство на Ликовната Академија во Прага помеѓу 1917-1921, во класата на професор Бенеш Кисела. Бил познат Чехословачки професор по сликарство на Академијата во Братислава помеѓу 1934-1938манта година. Изложувал редовно од 1921вата година па натаму, вклучувајќи и изложба во Париз во 1935тата година. После 1945тата […]
Marc Franc
Франс Марк е еден он најпопуларните Германски експресионисти. Роден е на 08.02.1880 во Минхен, починал на 04.03.1916 во Бракуис на Францускиот фронт. Студирал на Минхенската Ликовна Академија во 1900тата, одкако ги напуштил студиите по теологија и филозофија. Во 1903та патува за Париз неколку пати, каде што за прв пат стапува во допир со делата на […]
Makenzie Sebright Mary Georgina
Исто позната како леди Џорџина Мјур Макензи. Британски патописец и илустратор. Птувала низ Балканот заедно со Аделаид Паулина Ирби (1831-1911), секогаш придружена со Турска вооружена придружба. Нивната исцрпна посета на Македонија е опишана и илустрирана во нејзината книга “Турците, Грците и Словените, Патувања низ словенските провинции на Европска Турција (1867)„.. Автор е на многу политички […]