Popović Branko

Манастир Св. Наум Охрид, 1931, масло на платно

Роден во Ужице, Србија во 1882, починал во Белград (убиен од партизаните) во 1944. Еден е од најпроминентните Српски сликари. Студирал на Техничкиот Универзитет во Белград во 1905 а подоцна и на Ликовната Академија во Минхен до 1909та. Го продолжува образованието во Париз помеѓу 1909-1912. Бил воен сликар во периодот 1912-1918. Во таа улога и […]

Portier Marguerite

Охрид Српски куќи, акварел

Родена и живеела во Лион, патувала интензивно низ Северна Африка, Шпанија, Италија, Балканот. Создала серија акварели на Охрид од 1930-тите години (ги насловува сите акварели со Охрид, Србија. Еден од овие акварели е во колекцијата на авторот на овој лексикон.

Preziosi Amadeo Vittorio Count

Двајца Албанци пушат и Албански војник 1850, акварели.

Роден во Валета, Малта на 02.12.1816 во фамилија на богат Европски аристократ, потомок на Сицилијанските кралеви. Иако бил образован во правни науки и цртање, се решава да ја следи својата пасија кон сликањето и ја напушта правничката кариера. Најпрво добива образование од Џузепе Хајзлер а потоа студирал и на Ликовната Академија во Париз. Тоа било […]

Prica Zlatko

Куќи во Охрид, 1946, масло на платно

Роден во Печух, Унгарија на 26.06.1916, починал во Ријека, Хрватска. Во 1922 емигрира во Самобор, Хрватска а набрзо потоа во Загреб, каде што се запишува на Ликовната Академија. Дипломија во 1940та во класата на Љубо Бабиќ. Неговата прва самостојна изложба била во Ликовниот Павиљон во Загреб во 1940та, пред самиот почеток на војната. Неговите рани […]

Kolesnikov Fedorovich Stepan

Пазар во Скопје, молив

Роден во село Адрианпол, Русија 1879, починал во Белград во 1955. Степан Колешников е еден од водечките Руски имигрантски сликари. Започнал со сликарски студии на Ликовното училиште во Одеса. Во класата на А. Попов и К. Костанди. Како најдобар студент, добил право да студира на Кралската Ликовна Академија без приемен испит. Бил студент на Илја […]

Korthals Jan

Oхрид 1952, акварел

Роден на 01.05.1916 во Амстердам, познат е како “Последниот Амстердамски Импресионист„. Живеел и работел во Амстердам целиот живот. На 19 годишна возраст, станува член на значајната ликовна група “Свети Лукас„. Кортхалс студирал  на Ликовната Академија во Антверпен и бил ученик на познатиот Холандски сликар Мари Хенрик Макензи. После Втората Светска Војна, патува во Швајцарија од […]

Kozhuharov Nikola

Момиче од Охрид 1941, масло на платно

Роден  на 11.01.1892 во Казанлук, починал на 01.06.ѝ7ѝ во Софија. До 1914та студирал сликарство на Уметничкото индустриско школо во Софија во класата на Проф. Иван Мрквичка и Цено Тодоров а потоа на Ликовната Академија во Париз кај Проф. Фернан Кормон. Од 1924та е предавач а потоа од 1929 и редовен професор по сликарство на Ликовната […]

Krizman Tomislav

Улица во Охрид 1926, бакрорез

Роден во Орловац крај Карлово на 21.07.1882, починал во Загреб на 24.10.1955. Кризман дипломирал на Трговското Школо во Загре и студирал графика и сликарство кај професорите Бела Чикоши-Сеси и Менци Клемент Црнчиќ. Помеѓу 1903-09 стурирал сликарство и графика на Ликовната Академија во Виена. Таму соработува и изложува со врвни Југословенски уметници:И. Мештровиќ, Надежда Петровиќ, М. […]

Krommer Hermann Helmut

Роден во Оправа (Тропау) Полска на 17.09.1891, починал во Бостон, САД на 06.06.1973. Започнува со  часови по сликарство од академскито сликар Адолф Здразила во 1910. Кромер служел како доброволец една година во Кралската Германска пешадија, Првиот Регимент во Тропау и Мостар. Во Мостар, стапува во допир со чудниот и комплексен нов свет, кадешто Византиската, Источната […]

Kron Bela

Бела Крон (1884-1965) Автопортрет во Македонија, цртеж, 1917

          Унгарски сликар и графичар од почетокот на 20тиот век. Студирал на Ликовната академија во Будимпешта, бил ученик на Виктор Олгјаи и Иштван Рети. Во периодот 1909-1919 имал изложби во Националниот салон (Budapesten) и во Палатата на Уметноста (Műcsarnokban) во Будимпешта. За време на Големата Војна  служел војска во Македонија. По […]