Hänel Georg

Прилеп, 1918 , акварел

Роден и починат во Дрезден (загинува во последните часови од Втората Светска Војна од залутан куршум), Германија каде што го поминува целиот живот. Студирал сликарство на Академијата на Ликовни Уметности во Дрезден, како студент на Баузер и Брахт. Ханел понекогаш демонстрирал фигуративен стил, меѓутоа не бил познат по традиционално фигуративно сликарство или сликање портрети  како […]

Haag Robert

Сцена во Прилеп 1918 масло на панел

Роден во 1886 во Штутгарт, починал во 1955 во Биберах, Германија. Познат  сликар од јужна Германија. Студирал сликарство на Ликовната Академија во Штутгарт. Направил неколку студиски патувања во Холандија и Белгија. За време на Првата Светска Војна, Роберт Хааг бил воен сликар во Македонија, при што ги посетува Прилеп и Скопје околу 1918 каде што […]

Gutman D.W.E.

Бродот од неговото Височество Lanfranc испловува од Солун, Планината Атос во позадина.

Малку познат Британски сликар, регистриран е во ликовните лексикони и неговите слики се појавуваат на аукции низ Европа. Служел војска во Британската армија во Солун  1917та, каде што го насликал болничкиот брод “Lanfranc” кој отпловува од Солунското пристаниште со планината Атос во позадина. “Lanfranc” можел да смести околу 403 ранети. Потопен бил од Германска подморница […]

Goulden Jean

Куќа со чардаци во Македонија 1917, цртеж

Роден на 14ти Јуни 1878 во Шарпетри, починал во Рем на 14ти Ноември 1946. Жан Гулден бил доктор по медицина, сликар и дизајнер познат по неговите емајли/глазури. Најпрво бил венчан со Сибил Булок-Хал, а потоа во 1925 со Доли Шмет, ќерка на познатиот Франсоа-Луи Шмет (1873-1941) со кого ќе соработува во текот на целата негова […]

Gordon Jan

Колона носи муниција, Скопје 1915

Роден во Финчамстед како Годфри Џервис Гордон, и образован во Марлборо колеџот како и Училиштето Труло. Бил сликар и графичар и изложувал во Британија, Европа и Америка. Но исто така е познат како ликовен критичар кој пишувал за магазините Нов Сведок, Обсервери Земја и Вода. Ја издава книгата  Модерни Француски Сликари  во 1922. Исто така […]

Goodman Reginald John

Поглед на воен камп во долината на Вардар 1916, акварел.

Роден во Сент Албан во Хертфоршир, Велика Британија во 1870. Се оженил со познатата сликарка Катлин Дикс во 1899, позната по своите минијатур портрети со кого излага во Салонот на Кралското Друштво на Акварелисти. Студира во Класата на еминентниоакварелист Вилфред Бал пред да ги започне своите патувања во Холандија, Јужн аАфрика и Австралија. Во Австралија […]

Godefroy Louis

Сцена пред кафаната со платани, Солун 1923, бакрорез

Француски бакрорезец, сликар и ликовен истражувач. Луи Годефроа најпрво студирал сликарство во Париз кај Каро-Делваил. Неговиот прв обид во бакрорезбарството е во 1905та година и првите графики ги изложува во 1906та. Скоро во текот на целата негова кариера, неговите гравури и бакрорези се печатени во Париз кај Марсел Гијот. Фодефроа бил патник, патувал  и изработувал […]

Petrov Ilya

Портрет на Н.Ј. Вапцаров, туш

Роден во Разград во 1903, завршил сликарство на Ликовната Академија во Софија во класата на Никола Маринов во 1926та година. По дипломирањето , ги продолжува студиите во Минхен во школото на професор Хаинрих Ман во периодод 1926-1928. Во 1930тите години имал студиски патувања во Франција и Италија. Од 1941вата година е предавач а по 1946та […]

Petrov Ivan

Македонска жетварка, масло на платно

Роден на 17.09.1909 во село Разпоповци, починал во 1991 во Софија. Дипломирал на Ликовната Академија во Софија ан отсек сликарство во 1931 во класата на Проф. Никола Маринков. Во периодот 1931-1947 е учител во Елена, Пловдив. Од 1931 па до 1976 е професор на Ликовната Академија во Софија. Сликал фигуративни композици, пејсажи, портрети и историски […]

Petrović Nadezda

Надежда Петровиќ е една од нај проминентните Српски сликари. Родена е во Чачак во 1873та година. Заполнала со нејзиното ликовно образование во Белград во 1891 во Женската Гимназија а потоа и во Цртачкото школо. Подоцна станува студент на Џорџе Крстиќ и помеѓу 1896/97 ја посетува сликарската школа на Кирил Кутлик. Студирала на Ликовната Академија во […]