Romanidis Constantinos

Роден во Атина во 1884, починал во 1972. Студирал на Школото за Ликовни уметности на Никефорос Литрас, К. Воланакис и Г. Роилос. Сликар бил на пејсажи и морски сцени со силна склоност да го долови светлото и атмосферата на селскиот живот во импресионистички стил. Значаен дел од неговото творештво се скоро 200 акварели и цртежи […]

Rocholl Theodor

Поградец на Охридско Езеро 1914, масло на платно

Теодор Рочол е можеби најпознатиот Германски воен сликар. Роден е во Сашенберг во 1854, починал во улична сообраќајна несреќа во Дизелдорф во 1933. Бил студент во Минхен во 1877 а потоа на Дрезденската Академија. После една година студирање, се сели во Минхен каде што студира историско сликарство кај Карл фон Пилоти. Ги завршува ликовните студии […]

Richter-Berlin Heinrich

Ушкуб 1917, акварели

Роден на 23.04.1884 во Берлин, починал на 26.01.1981 во Берлин. Хајнрих Рихтер-Берлин е Германски сценски уметник и сликар кој што студирал на Берлинската Ликовна Академија во 1902/3 и во таа година учествувал во познатото артистичко движење “Берлински Сецесионисти„ со што бил избркан од Академијата. За време на 1909/10 живеел и работел во Париз заедно со […]

Reich Albert

Пазарен ден во Скопје, 1917, гваж

Роден во Неумаркт 1899, починал во Минхен 1942. Алберт Рајх е познат Германски воен сликар и илустратор. За време на војната бил во Германските Алпски трупи. Бил илустратор на Германското детско списание “Воен магазин за Германски деца„ кој што објавувал патриотски приказни од војната за деца. Патувал во Норвешка, Италија, Русија и Балканот. Денеска во […]

Rainov Stoyan

Пејсаж од Охрид 1918, акварел

Студирал керамика на Ликовната Академија во Софија во класата на професор Стојан Димитров. Специјализирал на Државниот Конзерваториум во Париз под водство на проф. Мано. Имал изложби во периодот 1928-1935 во Прага, Брисел, Париз, Москва, Берлин и други градови. Подоцна бил професор на Керамичката Академија во Софија од 1952 до 1960.  Стојан Раинов ја посетува Македонија […]

Rainov Nikolai

Спомен од Криволак, 1915, молив и акварел

Роден на 01.01.1889 во Кесареви крај Велико Трново, починал на 02.05.1954 во Софија. Бил значаен Бугарски сликар, писател и член на Бугарската Академија на Науки и Уметности по ослободувањето. Брат на керамичарот Стојан Раинов. Студирал сликарство во 1908та во Софија а потоа студирај филозофија во Софија во 1911та година. За време на Првата Светска Војна, […]

Radulović Branko

Важен Босански импресионист. Роден во Мостар 26.05.1885, починал во Скопје 1916. Студирал сликарство во Српската Цртачка Школа под водсво на Риста и Бета Вукановиќ. Подоцна се сели во прага каде што дипломира на Академијата за Ликовни Уметности во 1911. Бил ученик на Влахо Буковац и професор Женишек. Се бавел и со музика и пишувал музички […]

Prött Paul

Листа на Македонски дела, аукциски каталог од 1926та

Малку познат германски сликар, роден во Хаген во 1880 година, студирал во Минхен и работел како сликар и графичар во Келн од 1912 година. Тој главно насликал градski сцени и пејзажи. Неговата сопруга починала пред Првата Светска Војна и тој веројатно се преселил во Берлин со неговата ќерка во 1920-тите. Неговата ќерка емигрирала во Соединетите […]

Prinz Ludwig Karl

На светите извори во Драма, Македонија 1918, акварел.

Роден и починат во Виена, Австрија. Принc бил сликар на пејсажи и сценски уметник кој што работел на уредувањето на сцената на Виенската Дворска Опера (1912) и во театрите во Минхен, Хамбург и Њујорк.  Го декорирал и Министерството за Внатрешни работи, Виенскиот Градски Музеј и работел за Принцот од Лихтенштајн. Покрај театарска работа, бил активен […]

Spenser Gilbert

Сестрите пристигнуваат во 28мата генерална болница, Солун, Декември 1915, акварел

Помладиот брат на Сер Стенли Спенсер, роден на 04.08.1892 во Кукхам, Беркшир, починал на 14.01.1979. Студирал сликарство на Школото за применета уметност во Камбервел, Кралскиот Ликовен Колеџ (дрвопис) 1911-12, и на ликовната школа Слејд 1913-15. За време на Првата Светска Војна служел во Кралските Болнички Единици најпрво во Бристол (со брат му Стенли на кратко) […]