Vaszary Miklós János

Скопје мост на Вардар 1916, цртеж

Јанош Миклoш Вазари (30 ноември 1867 – 19 април 1939 година) бил унгарски сликар и графичар. Роден е во видно католичко семејство во Капосвар. Негов чичко беше Колос Ференц Васзари, Архиепископот na Естертерм. Неговите уметнички студии започнале на унгарскиот универзитет за ликовни уметности во класата на Јанос Грегус. Во 1887 година, заминува во Минхен, каде […]

Velkov Simeon

На селската чешма во Витољане, масло на платно и акварел

Роден на 11.04.1885 година во Панаѓириште, починал на 10.09.1963 година во Софија. Дипломирал (1910) сликарство во Индустриското училиште за уметности, Софија, во класата на проф. Иван Мрквичка. Посетува многу музеи во Италија и Германија. Средношколец во Пловдив и Асеновград (до 1923 година), професор (1926 до 1947 година) на Уметничката Академија во Софија. За време на […]

Voltchaneski Vsevolod

Македонски народни носии и Скопско, поштенска картичка и масло на платно

Всеволод Владимирович Волчанески (или како што го потпиша В. Волчанецки) Руски сликар кој живеел со својата британска сопруга Алисон Бел Чемберс во Дубровник во 1920-тите и 1930-тите и направил многу слики и акварели на традиционални народни носии на Македонија, Косово и Србија. Постојат неколку поштенски картички од 1920тите години со репродукции на негови слики од […]

Vukanović Beta

Свети Јован Канео , Охрид 1926, масло на платно.

Родена на 18.04.1872 во Бамберг, Германија како Бабет Бахмејер, почината на 31.10.1972 во Белград. Бета Вукановиќ се смета за еден он најважните Српски  импресионисти на отворен простор. Го започнува своето ликовно образование во 1890 во приватната ликовна школа на Карл Мар и Антон Ажбе во Минхен. Таму го сретнува својот иден сопруг и инспирација Риста […]

Wagner Georg

“Мојот Воен Дневник 1914-1918„, Цртежи и акварели од Македонија

Роден во 1875, работел во Берлин како сликар, графички дизајнер и илустратор на книги. За време на Првата Светска Војна бил воен сликар во Македонија и Франција.  Неговата книга “Мојот Воен Дневник 1914-1918„ кој содржел колекција на 81 оригинални акварели, цртежи со мастило и цртежи со молив од Македонија и Франција (Дојран, Монастир, Бурлон, Тун, […]

Walker Adelaide Mary

Илустрации (Охрид и Манастирот Свети Наум) од нејзината книга “Стари Траги и Нови Обележја„ 1896

Мери Аделаид Вокер била британска патничка. Нејзиниот брат бил британски свештеник во Истанбул за време на 1850-тите. Веројатно таа пристигнала во Истанбул веднаш по војната на Крим, околу 1856 година и останала на Исток приближно четириесет години. Додека била во османлиската престолнина, таа се запознала со Лејди Хорнби, позната по нејзината хроника „Константинопол за време […]

Weight Carel

Пристигнувањето на Британските Трупи во Кожани, масло на платно 1946

Роден во Падингтон, Лондон во 1908. Студирал на Ликовното Училиште во Хамерсмит, Ликовното Училиште во Падингтон и работел како офоцијален воен сликар за време на Втората Светска Војна пред да работи како учител во Кралскиот Ликовен Колеџ во 1950тите години. Бил награден во 1962 и е носител на почесен докторат од Универзитетот во Единбург во […]

Wellershaus Paul

Роден на 20.05.1878 во Радеформвалд, починал на 23.03.1976 во Радеформвалд, Германија. Го започнал своето ликовно образование во приватното училиште на П.П. Бернхард во Бармен помеѓу 1902-1905.Кратко време работел како дизајнер на мостри во фирма за тапети. Од 1907 до 1911 студирал уметност на часовите кај професорите Лудвиг Фаренкрог и Густав Витхучтер. Го продолжува образованието на […]

Wessel Rudolph

Струмица 1917, гваш

Германски импресионист, за жал во литературата не можат да се најдат биографски податоци, на постојата записи од аукциски продажби од овој сликар на artprice.com и други специјализирани аукционерски интернет страници. Рудолф Весел ја посетил Македонија за време на Првата Светска Војна, најверојатно како војник во Германската армија. Еден гваж на панел насловен како “Струмитза 1917„ […]

Whymper Edward

Џамија во Салоника, 1883, дрворезна гравура

Роден на 27.04.1840 во Лондон,  починал на 16.09.1911 во Франција, Едвард Вајмпер бил Англиски илустратор, планинар и светски истражувач. Најмногу е познат по неговото прво искачување на врвот Матерхорн во 1865, кога четири членови на неговата експедиција загинале, кога експедицијата се симнувала наназад.  Инцидентот станал легендарен пораду контраверзноста околу скинатото јаже помеѓу четирите жртви и […]