Камили во Скопје

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска куќа BÁV Zrt од Будимпешта на нивната аукција на 15-ти мај нуди поголем пастелен цртеж насловен „Скопие, Вардар со замок 916 II / 6“ од унгарскиот сликар Јанош Вазари (Капошвар, […]

Valić Jovančić (Bosa) Bosiljka

Охрид 1935, масло на платно

Се школувала во Белград и Прага во класата на  Влахо Буковац. Изложувала самостојно во Белград во 1933 година, а групно со Цвијета Зузориќ во 1934 година, како и на Шестата пролетна и есенска изложба на југословенски уметници, Десеттата пролетна изложба, под покровителство на Кнезот Павле и Изложбата на српски уметници на Божиќ јануари 1944 година. […]

Milivojević Milica

Пејсаж крај Охрид 1920, масло на платно

Милица Милиќ Миливојевиќ. Родена на 29.3.1889 година во Јагодина, Србија. Ќерка на генералот на српскиот, а подоцна и дивизискиот генерал на југословенската армија, Љубомир Милиќ (1861—1949). Откако завршила средно училиште во Белград, студирала сликарство на Уметнички академии во Минхен (1906 до 1911 година), а потоа, до 1914 година, во Париз. За време на Првата светска […]

Benson Olga

Македонска народна носија, 1930, декорација на банкнота од 2000 денари

Родена во Санкт Петерсбург, Русија, починала во Лос Анџелес, САД. Олга Бенсон е името на уметницата, бегалка од граѓанската војна во Русија која за време на својот живот успеа од заборав да ги спаси и овековечи народните носии од просторот на екс Југославија, меѓу кои и од Македонија, поточно од околината на Скопје, Гостивар… Нејзиниот […]

Дегенерираните

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и Париз (Académie de peinture et de sculpture) во трката за културно влијание во Европа. Силната австро-унгарска империја сфатила дека европска сила не се станува само со воена моќ, туку и […]

Dolinar Lojze

Споменик на паднатите студенти-војници, Скопје 1935, бронза и мермер

Лојзе Долинар е еден од најпознатите словенечки скулптори од XX-тиот век. Роден е во 1893 година во Љубљана. Неговите рани скулптури се во стилот на академски реализам, симбоизмот, германската сецесија и се создадени во духот на живописната, импресионистичката и ново-барокната модулација, додека тој исто така пристапува и кон експресионизмот. По краткиот престој во САД во […]

Аферата „Мис Стон“

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка технологија „Тоталскоп“ започнува да се прикажува во кино-салите. Филмот ја раскажува приказната на скоро заборавената „Ударна вест“ од самиот почеток на XX-тиот век: во септември 1901 година, американската методистичка мисионерка […]

Weitz Helmuth

Охрид, црква Свети Наум 1958, акварел

Роден на 5 јануари 1918 година во Дизелдорф, починал во 1966 година во Менхенгладбах. Сликар и графичар од Дизелдорската нео-импрессионистичка школа. Сликал најчесто пејзажи и фигури. Се школувал на академијата во Дизелдорф и бил студент на Хаусер, Киедерих и Јунганес. Неговиот стил на сликање е под влијание на импресионизмот и класичниот модернизам. Вајтс ја посетил […]

Klein Roelof

Куќи во Охрид, акварел

Роден на 6 февруари 1915 година во Леуварден, починал на 15 ноември 1981 година во Харлем, Холандија. Бил автодиктат (самообучен) сликар кој развил уникатен експресионистички стил со кубистички елементи. Воглавно работел со акварел и молив. Член бил неколку уметнички групи на Харлем, како „ Kunst is Onze Doel“ и „ De Groep“. Бил сликар, скулптор […]

Lazhechnikov Ivanovych Oleksandr

Охрид 1925, масло на панел

Руски сликар и графичaр. Роден во Москва. Во 1897 – 1901 година студирал на Вишата уметничка школа за сликарство, скулптура и архитектура на академијата за уметности во Санкт Петербург во студиото на А. Киселинов. Во 1901 година се здобива со титулата уметник. Учествувал на пролетните изложби на Академијата за уметности, во групата Пердервижники (Талкачи) (1900 […]