Ionchev Christo

Роден на 23-03-1879 во Самоков, починал на 07-05-1950 во Софија. Студирал сликарство на Индустриското уметничко школо во Софија , кај проф. Иван Ангелов и проф. Иван Мрквичка. Престојувал и во Минхен. Живеел и работел претежно во Самоков. Најчесто цртал пејсажи, при што формирал препознатлив стил, нагласувајќи ги убавините на планините. Еден е од основачите на […]
Jouanneau dit Irriera Roger

Француски ориенталист, сликар, илустратор и карикатурист. Роден во Бордо 1884, но се самодекларирал како Парижанец. Патувал низ Ориентот и служел во Француската армија во двете светски војни, за што добил низа воени одликувања. Создал повеќе од 300 уметнички дела кои ги илустрирале борбите на Француската армија. Неговите дела можат да се најдат во Францускиот Воен […]
Ivanov Ivan

Роден во 1879 во Видин , починал во 1966 во Софија. Студирал на Националното Ликовно Училиште во Софија, кај Проф. Иван Мрквичка, а потоа оди во Букурешт каде студира на Букурештката Ликовна Академија кај проф. Костанда и проф. Гропјано. Работи како воен сликар за време на Балканската и Двете Светски војни, и во таа функција […]
Ivanović Ljubomir

Роден и починат во Белград. Ивановиќ е значаен Српски сликар од таканаречената “Прва Генерација на Српски Импресионисти„. На совед од сликарот Ѓорѓе Крстиќ, започнува да учи сликање во Спрското Школо за Цртање и Сликање (под водство на Ристо и Бета Викановиќ) а потоа како државен стипендист студира на Минхенската Ликовна Академија помеѓу 1905-1909) кај професорите […]
Japp Napier Darsie

Сликар на пејсажи и фигуративни композиции. Роден е на 17-02-1883 во Ливерпул. Студирал на колеџот Свети Џон во Оксфорд. Работел во канцеларијата на неговиот татко помеѓу 1904-7 и истовремено вечерно студира на Ликовното Училиште Ламберт под водство на Филип Конард. Подоцна студира на познатото училиште Слејд 1908-9. Служи во Британската армија со чин Мајор во […]
Jouve Paul

Роден во Бурон-Марлот 1880, починал во Париз во 1973. Неговиот татко, Аугуст Жове, бил исто сликар и близок пријател на Винсент ван Гог. Охрабрен од татко му, Пол Жове поминува доста време во детството и младоста цртајќи во Париската ботаничка градина и Природонаучниот Музеј. На 13 годишна возраст се запишува во Школото за Декоративни Уметности […]
Kállay Karol

Карол Калај е најзначаен претставник на Словачката фотографија. Роден е во Чадца во северна Словачка. Студирал економија во Братислава. Работи како професионален фотограф од 1945. Работел како фото-репортер, моден, патописен и уметнички фотограф. Соработувал со најпознатите магазини како на пример: GEO Hamburg, Stern Focus, Spiegel итн. Неговите фотографски колекции се објавени во 40-тина книги: Лос […]
Keller-Kühne Woldemar Josef

Роден на 23.04.1902 година во Минхен-Нојхаузен, почина на 09.03.1991 година во Мисбах. Германски сликар, цртач и графички уметник. Член на Уметничката Кооперативата во Минхен. Студирал од 1921 до 1930 година на Минхенската академија за ликовни уметности во класата на Хајнрих фон Зегел и Анџело Јанк. За време на студиите патувал во Австрија, Унгарија, Франција, Латвија […]
Kanitz Phillip Felix
Роден на 02/08.1829 во Будимпешта починал на 08.01.194 во Виена. Феликс Филип Каниц бил Австро-Унгарски сликар, натуралист, географ, етнограф, археолог, и патописец. Каниц е роден во Буминпешта во богата Еврејска фамилија. Се запишува на Уметнички одсек на Универзитетот на Виена во 1846, на 17 годишна возраст. Патува темелно после 1850тата година, посетувајќи ги Германија, Франција, […]
Klee Paul

Роден во Минхенбушее, Швајцарија во 1879. Студирал на Минхенската Ликовна Академија (1898-1901) и подоцна се поврзува со ликовната група “Плав Јавач„. Клее живеел во Германија за време на Првата Светска Војна и е мобилизиран во Германската Армија во 1916. Не е пратен на фронтот, туку времето го поминува во сликање авиони. Неговите воени мемоари се […]