Рене Ферет Прежелан, роден во Перпињан 1877 година, починал во 1968 година. Добро познат карикатурист и илустратор, творец на таканаречената „Мали жени од Париз (petite femme de Paris)“ што неодамна е повторно популарна поради зголоемениот интерест кон т.н. „пинап“ уметност со француски убави дами од 1920-тите години.  Бил илустратор на весниците La Caricature, Fantasio, Le Rire, La Baîonnette, Fémina и La Vie parisienne. Во 1905 година доживува успех и слава со својот стрип: “Jo et Josette”, објавен во  Qui lit rit . Имал изложби во Salon des Humoristes во Париз. Автор е и на стриповите La Légende de Béquinette (1902), L’Amour en dentelles (1903), Souvenirs d’un fusil de chasse (1949) и Tables de chasse (1952).

За време на Големата војна, бил  потпоручник во француската авијација во Армијата на Ориентот стационирана во Самли (Солун, Македонија) и Тасос. Во 1916 година насликал серија на 32 акварели со дневни сцени на авијацијата како и хумористични сцени со македонското население, што подоцна е испечатена како папка со литографии во ограничен тираж од 250 рачно потпишани примероци под името „CROQUIS D’AVIATION EN MACÉDOINE“. Dessins, Croquis & Aquarelles / СКИЦИ ЗА АВИАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА “. Цртежи, скици и акварели  ”. Една копија од оваа папка, како и една оригинална акварел од оваа серија со наслов „Ветерот од Вардар (30- Le Vent du Вардар) е во приватната колекција на авторот.

 

Information:

https://www.babelio.com

https://www.abebooks.com

http://www.theaerodrome.com

Рене Прежелан (1877-1968) Повардарец ветар крај Солун, 1916, акварел
Рене Прежелан (1877-1968) Повардарец ветар крај Солун, 1916, акварел
Рене Прежелан (1877-1968) Ветерот на елисата, Солун 1916, акварел
Рене Прежелан (1877-1968) Ветерот на елисата, Солун 1916, акварел
Рене Прежелан (1877-1968) фотографија од неговото одликување со медал, Солун 1916,
Рене Прежелан (1877-1968) фотографија од неговото одликување со медал, Солун 1916,

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не