Малку познат француски сликар. Бил професор по цртање во гимназијата во Бордо (Lycée de Bordeaux). Студирал на познатото Школо за ликовни уметности во Париз (l’école des Beaux-Arts de la rue Bonaparte à Paris) кај познатиот сликар Кормон. За време на неговиот престој во Париз, бил уличен цртач на портрети за да сѝ го плати своето школување на скапото Школо.

На интернет се наоѓаат неколку масла на платно и акварели потпишано „Андре Видал“ од Егејска Македонија, нацртани околу 1915-20 година. Најверојатно Видал бил војник во Армијата на Ориентот за време на Првата светска војна и ги посетил Лерин и Воден.  Едно особено убаво масло на платно е насловено „Село Буф, крај Лерин“ е понудено на продажба од француската галерија Patrick Boutillier (адреса: 27 avenue de la gare, Saint-Sébastien 23160 , France)

 

Извор на информации:

https://www.proantic.com/en/display.php?mode=obj&id=605904

https://www.gazette-drouot.com/lots/8810461

Андре Видал (1880-1940) Село Буф крај Лерин, ~1915 масло на платно
Андре Видал (1880-1940) Село Буф крај Лерин, ~1915 масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не