Коста Миличевиќ (Врака кај Скадар, 3 јуни 1877 година – Белград, 12 февруари 1920 година) бил српски сликар.

Роден во свештено семејство, во селото Враки кај Скадар. По пристигнувањето во Белград, бил студент од прва генерација во уметничкото училиште „Цирил Кутљик“. Ја понел со себе од Скадар „Александрија“, еден од најстарите илустрирани српски ракописи, веројатно запишани во 14 век. Во многу тешки материјални услови, студирал во Прага, Виена, а подоцна и во Минхен. Прво учествувал во Првата светска војна како војник, а подоцна како воен сликар на Врховната команда во Крф. Бил учител на вечерното занаетчиско училиште и член на „Лада“. Починал на 12 февруари, според некои извори, два дена порано, во 1920 година во Белград од вирусот шпански грип.

Во опусот на Коста Миличевиќ, Лазар Трифуновиќ разликува четири периоди: училиште (1895—1908), Белград (1909—1914), Велес (1915) и Крф (1916—1920). На почетокот, во училишниот период на уметничко формирање, тој бил поддржувач на отцепување, па во тој дух го насликал иконостасот во Железник, како и неколку српски предели. Следува белградскиот период откако Миличевиќ имал можност да се запознае со сликите на Надежда Петровиќ и Милан Миловановиќ. Го напуштил академскиот стил во овој период, така што целиот овој дел од неговиот овер е обележан со потрагата по личен уметнички израз, кој конечно го наоѓа во густо пастелно ширење на бојата и мрежата на дамки, што наликува на импресионистички процес. Ова е најзабележливо во циклусот на слики создадени во колонијата во Савинац (црква Савиначка, пролет).

Познати се само пет слики од следниот, велешки период, кои се создадени додека Миличевиќ се борел во војната и во која e целосно воспоставена рамнотежата помеѓу светлината, бојата и формата. Оваа рамнотежа e изразена во сликите создадени во Крф, каде медитеранското сонце стана силна инспирација за уметникот. Пејзажите создадени на Крф претставуваат афирмација на српскиот импресионизам.

Информации превземени од:

https://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%9B

Велешкиот период а и подоцнежниот Македонскиот престој на Коста Миличевиќ е доста детално опишан во книгата на Станислав Живковиќ „Коста Миличевиќ 1877-1920“ издадена од Матица Српска од Нови Сад во 1970 година. Миличевиќ бил војник во 1вата чета на 2риот батаљон од 12тиот полк. Пристигнува во Велес во Мај 1915 година и останува до октоври 1915 година. Имал среќа да престојува во мир и убаво, сончево време. Живописниот Велес со реката Вардар и планините го потсетуваат на родниот Скадар. Се дружи со уметници, поети и писатели кои во војната го облекле српскиот воен шинел, особено со  сликарите Милан Арсиќ – Даскалот и Ѓорѓе Зографски (1871 – 1945 Скопје) од село Папратиште кој во тоа време ја цртал композицијата „Свети Сава ги благословува српчињата“ во велешката гимназија, спорет композиција од Крстиќ.

Од престојот во Велес, се познати само 5 масла на платнa кои се најдени заборавени на дното на еден сандак 50 години подоцна. Имињата на сликите се 1) „Поглед на Велес“, 2) „Шума“, 3) „Кула на крчмарката Јања“, 4)„Кула со јаблани“ и 5) „Кула со црква Свети Димитрија“. Денес овие 5 дела се во сопственост на госпоѓа Загорка Андрејевиќ од Белград.  Во октомври 1915 година под притисок на бугарската армија, српската војска се повлекува преку Скопје и Косово, па Албанија кон островот Крф во Грција. Таму Миличевиќ го достигнува својот сликарски зенит. Таканаречениот Крфски период во сликарската кариера на Миличевиќ се смета за негов најплоден период. Миличевиќ повторно се враќа во Македонија во 1917 година каде е стациониран во селото Полна во непосредна близина на Солун. Тука насликува две дела „Мотив од Македонија, Полна 1917 “ мало масло на платно (денес во сопственост на Народниот музеј во Белград), и „Девојче 1917. Полна“ кое всушност е само половина од оригиналната слика – девојче седи на тараба и го гледа гробот на својот татко кој е загинат српски војник. Во одреден период , сликата е пресечена на два дела и само делот со девојчето преживеал и денес е во колекцијата на уметничката галерија во Сарајево.

Во фебруари 1918 година , Миличевиќ е префрлен на фронтот Добро Поле, каде што српската војска деноноќно била гранатирана. Миличевиќ доживува нервен слом од кој што не се опоравува до крајот на неговиот живот, Повлечен е повторно на островот Крф, каде што го дочекува крајот на војната и каде што повторно се враќа на неговиот високо ценет колоритен имресионизам.

Коста Миличевиќ (1877-1920) Кулата на крчмарката Јања со јаблани, Велес 1915, масло на платно
Коста Миличевиќ (1877-1920) Кулата на крчмарката Јања со јаблани, Велес 1915, масло на платно
Коста Миличевиќ (1877-1920) Кулата на крчмарката Јања, Велес 1915, масло на платно
Коста Миличевиќ (1877-1920) Кулата на крчмарката Јања, Велес 1915, масло на платно
Кулата на крчмарката Јања во титов Велес сликана во 1965 година.
Кулата на крчмарката Јања во титов Велес сликана во 1965 година.
Коста Миличевиќ (1877-1920) Шума, Велес 1915, масло на платно
Коста Миличевиќ (1877-1920) Шума, Велес 1915, масло на платно
Коста Миличевиќ (1877-1920) Црква на Свети Димитрија, Велес 1915, масло на платно
Коста Миличевиќ (1877-1920) Црква на Свети Димитрија, Велес 1915, масло на платно
Коста Миличевиќ (1877-1920) Мотив од Македонија, село Плевна до Солун 1917, цртеж
Коста Миличевиќ (1877-1920) Мотив од Македонија, село Плевна до Солун 1917, цртеж
Коста Миличевиќ (1877-1920) Девојче, село Плевна до Солун 1917, масло на платно
Коста Миличевиќ (1877-1920) Девојче, село Плевна до Солун 1917, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не