Хенри Ноел Браилсфорд (1873–1958), Британец

Хенри Ноел Браилсфорд (25 декември 1873 година – 23 март 1958 г.) бил најплодниот британски левичарски новинар од првата половина на XX век. Како основачки член на машката лига за борба против женско измачување (Men’s League for Women’s Suffrage ) во 1907 година, поднел оставка од својата работа во „Дејли њуз“ во 1909 година, кога весникот го  поддржал принудното хранење на претставниците на штрајкот со глад. Бил син на методистички свештеник, роден е во Јоркшир и се школуваше во Шкотска, во Средното училиште на Данди.

Браилсфорд се откажал од академската кариера да стане новинар, но се прославил во 1890-тите како странски дописник на „Манчестер Гардијан“, специјализиран за Балканот, Франција и Египет. Во 1899 година се преселил во Лондон, работејќи за Morning Leader а потоа и за The Daily News.. Ја предводел британската мисија за олеснување (British relief mission ) во Македонија во 1903 година,  па после враќање ја издал во 19о5 година книгата, Македонија: нејзините раси и нивната иднина (Macedonia: Its Races and Their Future). Во 1905 година бил осуден за заговор за добивање на британски пасош во име на едно лице за друго лице да патува во Русија.

Во 1913–14 г. Браилсфорд е член на меѓународната комисија испратена од институтот Карнеги за меѓународен мир за истражување на спроведувањето на Балканските војни од 1912–1313 година. Тој е и  ко-автор на извештајот напишан после посетата. Браилсфорд бил отворен критичар на Мусолиниевата Италија и Хитлеровата Германија. Неговите книги во 1930-тите вклучуваат познатата антиколонијалистичка книга  „Бунтовна Индија (Rebel India)” (1931) и анти-милитаристичката јбуга „Имот или Мир? (Property or Peace? )“(1934). Кон крајот на 1930-тите, бил еден од ретките писатели поврзани со Левиот Клуб на книгата (Left Book Club), Новиот државник (New Statesman) и Трибун (Tribune), кои биле постојано критични кон советските наместени судења. По советската инвазија на Финска, Браилсфорд објавил критичен есеј за Сталин во вестите на Рејнолд.

Целосната биографија на Браилсфорд може да се најде на:

https://en.wikipedia.org/wiki/H._N._Brailsford

Во име на Британскиот фонд за помош (British Relief Fund), Браилсфорд и неговата сопруга Џејн поминуваат 5 месеци од зимата 1903/4 година во Монастир (Битола) и Охрида (Охрид) каде се запознале со госпоѓата Мери Едит Дурам (исто истакнат патеписец и сликар, која што е регистрирана во лексиконот). Браилсфорд ги проучувал етничките групи, културите, историјата и политичката состојба во Македонија по неуспешното востание во Крушево. По врашањето во Британија, ја напишива исклучително интересната книга; Македонија, нејзините раси и нивната иднина (Macedonia: Its Races and Their Future) во 1905 година.  Тој ги направил и фотографиите за книгата (во книгата исто има и фотографии од господин Бертрам Кристиан, Хенри В. Невинсон и мајорот Салман). Книгата е достапна за читање на следниот линк:

https://archive.org/details/macedoniaitsrac00braigoog/page/n8/mode/2up

Манастир Свети Наум, 1904, фотографија
Манастир Свети Наум, 1904, фотографија
Главна улица во Охрид, 1904, фотографија
Главна улица во Охрид, 1904, фотографија
Манастир крај Охрид, 1904, фотографија
Манастир крај Охрид, 1904, фотографија
Сиромашни селани близу Охрид, 1904, фотографија
Сиромашни селани близу Охрид, 1904, фотографија
уништеното село Загоричани после илинденското востание, 1904, фотографија
уништеното село Загоричани после илинденското востание, 1904, фотографија
селани ткаат близу Охрид, 1904, фотографија
селани ткаат близу Охрид, 1904, фотографија
Сиромашни селани во Охрид, 1904, фотографија
Сиромашни селани во Охрид, 1904, фотографија
Богати селани во Скопје, 1904, фотографија
Богати селани во Скопје, 1904, фотографија
Богато село Брусник крај Битола, 1904, фотографија
Богато село Брусник крај Битола, 1904, фотографија
Света Софија, Охрид, 1904, фотографија
Света Софија, Охрид, 1904, фотографија

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не