Роден на 5 јануари 1918 година во Дизелдорф, починал во 1966 година во Менхенгладбах. Сликар и графичар од Дизелдорската нео-импрессионистичка школа. Сликал најчесто пејзажи и фигури. Се школувал на академијата во Дизелдорф и бил студент на Хаусер, Киедерих и Јунганес. Неговиот стил на сликање е под влијание на импресионизмот и класичниот модернизам.
Вајтс ја посетил Македонија во 1950-ти години, каде што го насликал акварелот Охрид, манастир Св. Наум, кој е во колекцијата на авторот на овој лексикон.

Приказни
Добар објект за Вашата македонска колекција
Еве еден совет за секој што сака да започне своја колекција на уметност и фотографии поврзани со Македонија од периодот 1850-1950 година: германска книга објавена