Роден во Неумаркт 1899, починал во Минхен 1942. Алберт Рајх е познат Германски воен сликар и илустратор. За време на војната бил во Германските Алпски трупи. Бил илустратор на Германското детско списание “Воен магазин за Германски деца„ кој што објавувал патриотски приказни од војната за деца. Патувал во Норвешка, Италија, Русија и Балканот. Денеска во негова чест е именувана една улица во Неумаркт.
Алберт Рајх бил во Македонија за време на Првата Светска Војна, на самиот почеток на 1916та година. Одреден број на негови Македонски цртежи и скици од Скопје, Куманово, Штип, Велес итн, се објавени во книгата “Со трупите во Србија 1916 – воени денови и сто и шест скици со слики„ печатен од П. Олденбург, Минхен во 1916та година. Нeколку акварели со сцени од Македонија се во колекцијата на авторот од овој лексикон. Исто так постои и поштенска картичка од 1916 година со репродуцкција од негов цртеж од Велес.