Роберт Хјустон (1891 – 1942), Шкотланѓанец

Роберт Хјустон е роден во Кибирни, провинција Ајршир на 5ти Јуни 1891. Студирал на Ликовната Школа на Глазгов, каде што бил со-ученик на Гордон Томас. Користел маслена и акварелна техника и цртал најчесто пејсажи и крејбрежни сцени од западниот Британски брег и острова, како и  Шкотски езера и фигуративни композиции. Бил  исто и познат по неговите акватинти, а исто така дизајнирал и изработил постери за железницата кои се вклопувале во неговото силно чувство на дизајн на користење на солиден колорит. Бил избран како член на Кралското Друштво на Шкотски Сликари и Акварелисти (РСВ) во 1936. Често изложувал во Кралската Академија (6 дела), Кралската Шкотска Академија (8), РСВ (11), Кралскиот Институт на Ликовна Уметност на Глазгов (34). Застапен е исто и во Ликовната Галерија и Музеј на Глазгов.

Роберт Хјустон служел во Британската Армија во Македонија во 1917та и 1918та година. Стациониран бил во Солун, каде што слика значаен број на акварели и цртежи од регионите околу Солун, Дојранското езеро и планината Беласица. Голема колекција од Македонски ликовни дела од овој автор е продадена од страна на аукциската куќа  Christie’s во Лондон, на 18ти Мај 2000 (објект број 165). Цртежите биле насловени како: “Близу Дојранското езеро„, “Поглед на Солун од вода„, “Дебренд„, “Ридови„, “Калинова„, “Седес (Серес?)„, “Снег на Хортиак„, “Калинова„, “Планината Беласица„, “Солун„, “Влажен ден во Солун„, “ Езерото и градот Дојран„, “ Патот кон Солун„ и “Фигури во кола и поглед на Солун во далечина„. Цртежите биле претежно потпишани со “Robert Houston” и датирани со 1917 или 1918. Во колекцијата на авторот на овој лексикон се наоѓаат 6 аквареки купени од аукциската куќа Christie’s од Лондон, со пејзажи од Солун, Чугунци ( на Грчки –  Μεγάλη Στέρνα) , Калиново ( на Грчки – Σουλτογιανναίικα) и Дојран.

Македонски пејсаж, 1917/1918, акварел
Македонски пејсаж, 1917/1918, акварел
Војник од Британската “Црна Стража“ на служба, Солун 1917, акварел.
Војник од Британската “Црна Стража“ на служба, Солун 1917, акварел.
Родови кај Калиново (Σουλτογιανναίικα) 1917, акварел
Родови кај Калиново (Σουλτογιανναίικα) 1917, акварел
Крај Дојранското езеро 1917, акварел
Крај Дојранското езеро 1917, акварел
Чугунци (Μεγάλη Στέρνα) 1917, акварел
Чугунци (Μεγάλη Στέρνα) 1917, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не