Роден и починат во Белград. Ивановиќ е значаен Српски сликар од таканаречената “Прва Генерација на Српски Импресионисти„. На совед од сликарот Ѓорѓе Крстиќ, започнува да учи сликање во Спрското Школо за Цртање и Сликање (под водство на Ристо и Бета Викановиќ) а потоа како државен стипендист студира на Минхенската Ликовна Академија помеѓу 1905-1909) кај професорите Лудвиг Левц и Александер фон Вагнер. Во исто време зема приватни часови кај проф. Алберт Ажбе. Оди на студиски патувања во Париз помеѓу 1920-30. Одржува изложба во Париз во 1921вата, каде што прикажува 7 дела од Јужна Србија и Македонија.

Ивановиќ бил професор на Балградската Ликовна академија. Во подоцнежните години целосно се посветува на цртање и графика. Неговата кариера значително е погодена од неговата болест од 1923та година, каде што поминува операција на десната рака. Од тогаш , му се менува стилот на цртање, воглавно ослонувајќи се на движење со рамото отколу со раката.

Значениеот на Љубомир Ивановиќ за Македонската ликовна уметност не е само неговата уметност, туку и неговата образовна работа. Имено, тој бил професор на некои од најзначајните Македонски сликари, како на пример Љ.Белогаски и Л. Личеноски.

Голем број од Македонските цртежи на Љ.Ивановиќ се публицирани во книгата “Цртежи од Југословенските предели и места„ издадена во 1937, која што содржи цртежи од Скопје, Струга, Охрид и други Македонски места.

Пред фурна во Струга 1937, цртеж
Пред фурна во Струга 1937, цртеж
Охрид 1937, цртеж
Охрид 1937, цртеж

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно
Приказни

Вундервалд

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната

Повеќе »

Следете не