Роден на 27.03.1875 во Бордо, починал на 14.06.1947 во Париз. Алберт Маркет се смета за еден од најзначајните Француски сликари од правецот “Фаувизам„ (“Дивите„). Ја започнал уметничката кариера со работење и живеење со Хенри Матис а подоцна во 1892 работел заедно со Густав Моро на Париската Школа за Ликовни Уметности. Го привлекол вниманието на строгите Француски ликовни критичари со изложување во 1905та година заедно со великаните на Францускиот Фаувизам: Хенри Матис, Морис де Вламик, Андре Деран, Раул Дафи, Жорж Брак, Луи Валтат, Жан Пју итн. Од 1907, го напушта своето студио во Париз и патува низ Европските и Сееврно Африканските предели. На едно од неговите патувања во 1933та година, Маркет ја посетува Егејска Македонија, каде што го насликува маслото на платно “Пристаништето во Солун 1933„, кое е продадено од аукциската куќа  Me Francis Briest, Drouot Montaigne во ПАриз на 02.06.1989 за 25 780$.

 

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не