Англиски воен сликар и журналист. Заввршил на Кралската Ликовна Академија во Лондон и работел како сликар, илустратор и новинар за магазинот “The Graphic” од Лондон, а исто така и како воен кореспондент и илустратор од војните во Ерменија, Грција, Турција, Египет, Италија и Јужна Африка. Починал на 10ти Мај 1903 во Аден, тогаш Британска колонија, денес град во Јемен, од компликации од ранувањето здобиено во текот на четири-месечмната опсада на Лејдисмит, Натал, Јужна Африка додека известувал од Втората Бурска Војна.

Вилиам Т. Мауд ја посетил Македонија два пати, еднаш како воен кореспондент од Грчко-Турската војна во 1897 и вториот пат во 1902 кога известувал за киднапирањето на Американската мисионерка Мис Стон.  Ја сретнал Мис Стон и нејзините киднапери лично неколкупати и продуцирал акварели и скици од сцени од грабањето за Францускиот весник “L’Illustration”, и за Британскиот весник “The Graphic”, кои биле објавени како илустрации во вестите за Македонија од тоа време.

Илустрации од “L’Illustration” направени од оригинални дела на В.Т. Мауд(1865-1903), 15.03.1902
Илустрации од “L’Illustration” направени од оригинални дела на В.Т. Мауд(1865-1903), 15.03.1902
Илустрации од “L’Illustration” направени од оригинални дела на В.Т. Мауд(1865-1903), 15.03.1902
Илустрации од “L’Illustration” направени од оригинални дела на В.Т. Мауд(1865-1903), 15.03.1902

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не