Роден во Соест na 27.01.1891. Од 1908мата година започнал со земање приватни часови кај познатиот сликар Георг Таперт од Ворпсведе. Делата на Моргнер во овој прв период се реалистични и често тешки и мрачни. Таперт и Моргнер станале добри пријатели за време на кратката обука. За време на неговата прва сликарста фаза околу 1911, често патува до Берлин каде што доаѓа во контакт со сликарските школи кои доминирале во тоа време:  Фаувизмот и Поинтилизмот. Стапува во допир и е длабоко повлијаен од рано-експресионистичките дека на Винсент ван Гог.  Сите овие нови стилови и изрази оставаат трајна трага во неговиот уметнички израз. Во 1911/13 ги презентира своите дела на Берлинските Нови Сецесионисти и во 1912 изложува на Берлинската Сонербунд изложба. Влијателните Германски ликовни магазини “Der Sturm”, “Der Aktion”  и “Jahrbuck der Blauen Reiters” ги прикажуваат неговите дела. Неговите слики во кои претходно доминирале сцени од работни луѓе во рурални средини, стануваат забрзано абстрактни – негоиот напор е насочен кон прикажување на духовна содржина. Нагла смена во негоиот стил се случува во 1913тата кога Морнер е испратен во војната во Франција, Полска и Србија и со него имал само алат за цртање. Се посветува примарно кон цртање тематски сцени од културите и религиозните мотиви од Источна Европа и Блискиот Исток. Дел од овие творби покажуваат суреалистички мотиви. Како и многумина негови современици, Вилхелм Моргнер умира прерано на фронтот во Лангемарк на 16.08.1917.

Информации за Вилхелм Моргнер се на страницата: www.wilhelm-morgner-stipendium.de.

Вилхелм Моргнер бил во Македонија околу 19.08.1916 и го посетил Скопје и Велес. Во неговиот дневник, забележува дека е фасциниран од Македонскиот пејсаж. Еден пример на негови Македонски дела е акварелот “Македонски пејсаж 1917„ продаден од аукциската куќа  Hauswedel & Nolte од Хамбург на 11.06.1988. Неколку негови Македонски акварели со туш се репродуцирани во книгата “Вилхелм Моргнер, Слики, Цртежи и Графики – Соест, Мунстер, Минхен 1991„.

Македонски пејсаж, крива улица 1916, акварел
Македонски пејсаж, крива улица 1916, акварел
Македонски пејсаж, Пештера со дрво на мудроста, 1916, акварел
Македонски пејсаж, Пештера со дрво на мудроста, 1916, акварел
Македонски селани 1916, литографија
Македонски селани 1916, литографија

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не