Роден во Горњи Милановац на 26.01.1893, починал во Белград на 06.01.1966. Завршил сликарство на Уметничкото Училиште во Белград (1905-13) а потоа студирал во Минхен (1913/14) и Париз на Академијата Grand Chaumiere (1920-22). Бил доброволец во Првата Светска Војна, прво како војник а потоа од 1917 како воен сликар на Сркската Воена Команда. Член на повеќе значајни Српски групи како на пример “Лада„, “Зограф„ и др. Живорад Настасијевиќ бил активен во фреско-сликарството. Ги насликал фреските во холот на зградата на Народната Банка во Скопје, и во капелата на споменикот Зебрињак во Куманово- кој што е целосно уништен од Бугарите во Втората Светска Војна.
Приказни
Добар објект за Вашата македонска колекција
Еве еден совет за секој што сака да започне своја колекција на уметност и фотографии поврзани со Македонија од периодот 1850-1950 година: германска книга објавена