Роден во Мулхеим на Рур на 6.6.1893 , починал во Весел на 10.10.1963. Го започнува своето ликовно образование во 1912та на Ликовната Академија во Дизелдорф и Веумар. Само по неколку месеци ја напушта академијата во Веимар, каде што учители му биле Фриц Макенсен и албин Егер-Линци заминува на студиско патување во Холандија со Вернер Гилс. Поминува 2 месеци во Париз каде што ги продолжува студиите на познатите школи Académie russe и Académie de la Grande Chaumière. Зе време на Првата Светска Војна е војник на Францускиот Фронт. После војната се враќа во Дизелдорф каде што е основоположник на познатата Германска ликовна група „Junge Rheinland“ (Млада Рајна) заедно со Ото Дикс, Герт Хајнрих Волхеим и Адолф Узарски. Станува еден од најпознатите уметници кај познатиот трговец со уметнички дела Јоха Еу.
Кога Хитлер доаѓа на власт во 1933та, Панкок е прогласен за дегенерички уметник. 56 негови дела биле запленети од музеите а некои и биле вкличени во озлогласената изложба на „Дегенерирана Уметност“ организирана од страна на нацистите во 1937мата година. После војната, Ото Панкок работи како професор (1947-1958) на Ликовната Академија во Дизелдорф. Освен за време на нацизмот , Панкок често патува и ги слика своите патувања.
Делата на Ото Панкок се воглавно големи монохрони слики. Креира исто голем број на графики во дрвен отпечаток и монотип техники. Претежно слика луѓе, животни и пејсажи во реалистичен или експресивен стил фокусирајќи се претежно на ликови од маргините од општеството. Креира исто околу 200 скулптури од бронза. Помеѓу 1924 и 1933 црта портрети за весникот „Пладне“ од Дизелдорф.
Ото Панкок живеел во Охрид помеѓу 1954 и 1957 година, каде што креира одреден број на отпечатоци од дрво и бронзени скулптури. Бил инспириран од ликовите на Македонците и нивните сцени од секојдневниот живот. Неговиот претстој во Македонија е документиран во мемоарите на неговата ќерка Ева Панкок и неговата сопруга Хилда Панкок. Самата Хилда Панкок започнува со сликарство во Охрид, а потоа станува професионален уметник. Изложба на делата од Македонскиот период е одржана во Музејот на Ото Панкок во 2007ма година.
Дрвениот Отпеќаток со наслов „Пристаниште во Охрид“ продадено од аукциската куќа Карл и Фабер, продадено на 12.05.2018 ( објект број 784) е во колекцијата на авторот на овој лексикон.