Многу познат Австриски пликар и графичар од крајот на 19тиот и почетокот на 20тиот век. Најпрво бил офицер, но потоа започнал да слика. За време на Првата Светкса Војна, бил Автриски воен сликар во Србија, Македонија и Русија. Првата Светска војна му оставила голема импресија. Во овој период Хесхајмер креира препознатлив стил он светли и темни композиции.
После 1918та , живее во Виена и подоцна емигрира во Рио де Жанеиро, Бразил. Во 1952 се организира голема негова изложба во Музејот на Ликовна Уметност во Рио де Жанеиро. Лудвиг Хесхајмер е исто така познат филателист. Ја формирал првата Асоцијација на Австриски филателистички клубови во 1921, а потоа ја обединил со Кралската Асоцијација на филателисти на Германија.
Лудвиг Хесхајмер бил во Македонија за време на 1916тата, каде што изработува голем број на цртежи и акварели кои отсликувале воени сцени во Монастир (Битола), селата Бардовци и Магарево, Прилеп, Велес, и многу други сцени. Неговите дела од Македонското патување са објавени во книгата “Миниатури од Монархијата„ од 1917та. Гравура со наслов „Продавачи на бакар“ е во споственост на авторот на овој лексикон.