Роден во 1886 во Штутгарт, починал во 1955 во Биберах, Германија. Познат  сликар од јужна Германија. Студирал сликарство на Ликовната Академија во Штутгарт. Направил неколку студиски патувања во Холандија и Белгија. За време на Првата Светска Војна, Роберт Хааг бил воен сликар во Македонија, при што ги посетува Прилеп и Скопје околу 1918 каде што направил најмалку две маслени слики кои што се продадени од страна на аукциската куќа  Van Ham Kunstauktionen од Кел на 20ти Јуни 1998 ( објекти број 1778 и 1779).  Сликите  “Сцена од Прилеп 1918„ и ЌСцена од Скопје“ се во колекцијата на авторот.

Сцена во Прилеп 1918 масло на панел
Сцена во Прилеп 1918 масло на панел
Сцена од Скопје 1918 масло на панел
Сцена од Скопје 1918 масло на панел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не