Роден во Финчамстед како Годфри Џервис Гордон, и образован во Марлборо колеџот како и Училиштето Труло. Бил сликар и графичар и изложувал во Британија, Европа и Америка. Но исто така е познат како ликовен критичар кој пишувал за магазините Нов Сведок, Обсервери Земја и Вода. Ја издава книгата  Модерни Француски Сликари  во 1922. Исто така пишува патописни книги заедно со својата сопруга, сликарката Кора Џозефина Тарнер.

Јан Гордон и неговата сопруга Кора, ја посетуваат Србија, Црна Гора и Македонија во 1915тата година, во склоп на нивната служба во единицата за помош од Кралската Јавна Болница, водена од еминентниот доктор Џејмс Бери (подоцна прогласен за витез) и неговата жена која исто била доктор. Им помагале на Србите кои што биле нападнати од Австро-Унгарските сили кои напредувале кон југот, и кои што многу пателе од постојаната појава на епидемии на тифус. Авантурите на Јан и Кора се опишани во нивната прва книга “Среќна тринаесетка„, подоцна ре-издадена како “Два багабонти во Србија и Црна Гора„. Јан Гордон изработил серија на цртежи од Скопје и дриги делови на Северна Македонија како илустрации за оваа книга. Детални информации за животот на Јан и Кора Гордон можат да се најдат на интернет страницата: http://janandcoragordon.co.uk

Колона носи муниција, Скопје 1915
Колона носи муниција, Скопје 1915
Камп на албанските водачи на мазги, 1915
Камп на албанските водачи на мазги, 1915

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Where-is-the-grave-of-Gerard-Chowne
Приказни

Каде е гробот на Џерард Чаун?

За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата

Повеќе »

Следете не