Роден на 01.03.1872 во Ваљево, починал на 17.06.1957 во Белград. Студирал на Српската Школа за цртање и сликање (1895-98) кај проф. Кирил Кутлик а потоа на Минхенската Ликовна Академија (1899-1904). Бил значаен Српски воен сликар и фотограф во Балканските војни и Големата Војна. Патувал со Дунавската дивизија до Крф. После Крф, стациониран е во Солун каде што креира и изложува серија на цртежи и фотографии од Македонските боишта. После војната работи како учител по цртање на Третата Машка Гимназија во Белград. Неговите дела се претежно во колекцијата на Српскиот Воен  Музеј во Белград.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не