Француски сликар, илустратор, патописец и поморски офицер, роден во 1880та во Весул, Франција, починал во 1959та во Буенос Аирес , Аргентина. Го користел псеудонимот Шарл Мило. Неговиот живот и дело е опишано во книгата “Жервес – Сликар и морнар„ од Жак Ширман. Го посетил Солун во 1916тата година како попатна станица кон Дарданелите и Блискиот исток. За време на својот престој во Солун, изработува серија на илустрации кои ја отсликуваат културната расновидност и разноликите армиски офицери по улиците на Солун. Делото долу е насловено како “Сцена од улица во Солун„ и е дел од уметничката колекција на Ликовниот мусеј во Сан Франциско.
Приказни
Каде е гробот на Џерард Чаун?
За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата