Роден на 23ти Април 1869 во Ле Ман (Сарте), починал во Париз во 1956. Доминик Шарл Фукре е значаен Француски  поморски сликар со блиски професионални врски со Француската морнарица. Додека останатите Француски сликари потполно се втурнале во иновациите и раѓањето на импресионизмот, тој се посветува на строг реализам во романтичното претставување на Француската поморска историја. Ваквиот негов стил го прави популарен илустратор за публикации и книги, вклучувајќи ги и делата на Ријнард Киплинг.

Започнува со изложување во Салонот на Француски Артисти пред својот 21ви роденден. Студирал под водство на портретистот Александер Кабенел и историскиот сликар Фернанд Кормон. Нивното влијание е големо во композициите на Фукре, но уште поголемо влијание во неговиот стил одиграле настаните од Првата Светска Војна. Станува званичен воен сликар на Француската морнарица и плови кон Француските колонии во Африка, Азија и Австралија. Добива одреден број на уметнички награди во неговата кариера и е одликуван со Медал на Легијата на Честа во 1909та. Неговите најзначајни уметнички дела од Првата Светска Војна се наоѓаат во Музејот на Големата Војна во Париз.

Фукре го посетува Солунското пристаниште кон крајот на Првата Светска Војна. Неговата слика насловена “Пристаниште во Солун 1918„ е продадена од аукциската куќа  Christie’s  во Париз, на 25 Март 2005 (аукција број 5400, објект број 859 ) за 5400 евра.

Пристаниште во Солун 1918 масло
Пристаниште во Солун 1918 масло
Истоварување, Пристаниште во Солун 1918 литографија
Истоварување, Пристаниште во Солун 1918 литографија

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не