Роден на 01.05.1916 во Амстердам, познат е како “Последниот Амстердамски Импресионист„. Живеел и работел во Амстердам целиот живот. На 19 годишна возраст, станува член на значајната ликовна група “Свети Лукас„. Кортхалс студирал  на Ликовната Академија во Антверпен и бил ученик на познатиот Холандски сликар Мари Хенрик Макензи. После Втората Светска Војна, патува во Швајцарија од каде што прави голем број на студиски патувања кон Париз, Лондон, Италија, Шпанија, Белгија, Грција и Југославија. Станува успешен сликар за календари и картички. Неговиот пост-импресионистички стил потесетува на познатиот Амстердамски импресионист Г.Х.Брајтнер, и му носи голема слава на Холандски и светско ниво.

Јан Кортхалс го посетил Охрид во 1952 година. Акварелот Охрид е продаден од аукциската куќа De Elland во Септември 2010 и е во колекција на авторот на лексиконов.

Oхрид 1952, акварел
Oхрид 1952, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не